По успесите во градежниот и туристичкиот бизнис, црквата сега влегува и во медиумскиот бизнис, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи.
Владиката Петар отвора локална телевизија во скопскиот регион. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на седницата одржана во понеделникот, ѝ даде дозвола на компанијата „Преобразба“, чиј основач, сопственик и управител е теологот Петар Каревски, кое е световно име Митрополитот преспанско-пелагониски Петар.
Телевизијата доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава. Според неофицијалните информации на Телма, зад проектот стои Македонската православна црква.
Значи ќе имаме Поп музика на Поп телевизија..
— Eroll Erko Odisea (@odiseja4) February 28, 2023
абе цел ден никој не спомна дека владиката петар ќе отварал телевизија, и тоа со забавна содржина. сега е касно, ама ете фина тема за утре :)
— Bisera (@zamislena) March 1, 2023
Од Врчак Поп Перо ќе ја пуштаат и манастирски сон 🤣
— Bojan 🇲🇰 (@itz_bojan) March 1, 2023
Уште поп ни фалеше да отвори телевизија
— Скрачи (@Skraci) March 1, 2023
ПопТВ е баш кул име за телевизијата на владиката. Пошто ќе била забавна, нали....
— Xhem ЗБОНТ 007-11 (@Xhem36OHT) March 1, 2023
Според информации на Телма, опремата за телевизијата на компанијата „Преобразба“ чиј сопственик е Владиката Петар, е од поранешната скопска локална ТВ Амазон, која во 90-тите години беше позната по филмовите за возрасни во вечерните часови.
Владика ќе отвара телевизија. Ццццц, јако ќе биде порничи да пуштаат 24/7.Монти Пајтон. pic.twitter.com/wqCi19KWRc
— RASPUSTENICA (@NatRaspustenica) March 2, 2023
МПЦ преку Владиката Петар или Петар без МПЦ ќе зрачи преку ТВ “Амазон”, ТВ која на времето беше порно ТВ па, традиција или …
— Тошо (@cvrenkofski15) March 1, 2023
Македонската православна црква е една од најимотните институции во земјата. Според истражувањето на Радио Слободна Европа, на името на МПЦ има над 3400 имотни листови. Црквата поседува милиони метри квадратни во плацеви, пасишта, ниви, шуми, овоштарници, лозја и станови.
Црквата дојде во фокусот на јавноста и по аферата со изградбата на спорните висококатници кај Холидеј ин во центарот на Скопје. Сопственик на земјиштето беше фирмата „Обновители“, која пак е во косопственост на МПЦ. Антикорупциската комисија тврди дека дозволата за градба е незаконски издадена.
Село гори-баба се чешла.Зошто им е потребна телевизија на поповите? За полесно да си ги рекламираат бизнисите со градежништвото? Народот живурка во бедотија, а тие ко политичарите уживаат во сиот земски раскош. Боже прости ми!🙏 pic.twitter.com/2PBUxAzmot
— Гаргамел (@Gargam79) March 1, 2023
Во општиот циркус и лудило, нова точка за чудење и крстење со десна и лева рака. Владиката Петар ќе отвара телевизија. Локална, скопска. Со шарена програма. После силниот пробив во областа на градежништво и угостителство, МПЦ-ОА ќе се впушти и во медискиот бизнис. Господииии!
— tantela (@starmarsovec) March 1, 2023
МПЦ исто така е сопственик на луксузниот струшки хотел Изгрев, кого исто така го следеа бројни афери. Во 2008 година сопствениците на струшката фирма „Миладинови“, која заедно со МПЦ стопанисуваше со хотелот, беа обвинети дека направиле злоупотреби затоа што зеле кредити од странски банки за реновирање на хотелот, но ги користеле за други цели, без намера воопшто да ги вратат парите, а ставајќи го хотелот како залог. Браќата беа на суд, добија затворски казни, но подоцна беа ослободени од повисоките инстанци. Ниту едно лице од МПЦ не беше обвинето. Во 2013 година, хотелот под концесија го зеде туристичка агенција од Скопје.
Во општиот циркус и лудило, нова точка за чудење и крстење со десна и лева рака. Владиката Петар ќе отвара телевизија. Локална, скопска. Со шарена програма. После силниот пробив во областа на градежништво и угостителство, МПЦ-ОА ќе се впушти и во медискиот бизнис. Господииии!
— tantela (@starmarsovec) March 1, 2023
Инаку, црковните медиуми не се нешто ново или непознато во светот. Католичката црква има свои радија и телевизии ширум светот. Руската православна црква ja има ТВ Спас, Српската православна црква ТВ Храм итн.