Македонската Били Ајлиш - жена борец на музичкиот фронт

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Младата пејачка Тамара Волческа која медиумите ја нарекоа македонската Били Ајлиш поради сличностите со светски славната пејачка, неодамна ја напушти македонската армија за, како што вели, целосно да ѝ се посвети на музичката кариера. Иако повеќе не е дел од АРМ, верува дека научените лекции таму и борбеноста во нејзиниот карактер ќе ѝ помогнат да си го најде местото на домашната музичка сцена каде има намера да остави свој печат.