Во време кога поголемиот дел од вестите се лоши, се бројат новозаболени и починати од коронавирусот, а луѓе остануваат без работа поради економската криза што ја предизвика пандемијата, млада девојка од Скопје се пофали дека оздравела од вирусот и со песна ги поздрави лекарите, сестрите и сите пациенти кои на Инфективната клиника се борат со болеста.
Нејзината објава ја сподели и министерот за здравство Венко Филипче и ѝ се заблагодари за одговорноста. Се работи за девојката која се врати од Шпанија и на аеродром сама се пријави дека има симптоми, а во авионот патувала со заштитна маска и ракавици.
Традиционалниот првоаприлски маскенбал оваа година се одржа по дома, поради мерките за држење физичко растојание од други луѓе за да се спречи ширењето на новиот коронавирус. Дечињата ги облекоа костумите на своите омилени суперхерои и парадираа пред своите родители, и преку скајп или вибер пред своите роднини и пријатели. Училишта, градинки и други институции организираа онлајн Арпилијади.
Априлијада на https://t.co/pboJC5N1Bg (последен дел) https://t.co/MTmRjXeeg6 pic.twitter.com/r0Me3jIyGr
— Gostivarpress.mk (@GostivarpressM) April 1, 2020
На возрасните, кои седат во изолација, им оди малку потешко со маските.
Ако пред неколку месеци некој влезеше во банка со маска преку лицето, веројатно ќе беше уапсен. Сега, носењето хируршка маска е пожелно во затворени простории. Некогаш и повеќе од тоа.
Во исто време, снегот ги изненади сите, а не само Македонија пат. Оваа година и април се маскираше во јануари. Дел од луѓето уживаат во снежната идила, други се жалат на снегот, а трети се практични, па велат дека студеното време придонесува луѓето повеќе да седат дома за да се спречи ширењето на заразата.
Се моли 1ви април да не се маскира во јануари.
— Девојката со точакот (@Vampirka10) April 1, 2020
Ај уште еден нека забоди метро во снегот па да си легнеме.
— Annah (@indig05alpha) April 1, 2020
И Македонија Пат од дома работат??
— Том Том 🈹🈶 (@TomTom00000000) April 1, 2020
Сепак, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави дека механизацијата е на терен.
Други, пак, ужуваат во зимската идила напролет.
Априлска ноќ #охрид pic.twitter.com/QTFb71kaSq
— СамоМоја (@samomojaa) April 1, 2020
Први Април, пролетно, лабаво на кејот од Охридското Езеро #winterisback #lakeohrid #stojanstojanovski #2s #photography #photo #winter #snow #april pic.twitter.com/YwLHcMazWm
— Stojan Stojanovski2S (@Stojan2s) April 1, 2020
Оние, пак, на кои не им е до шега ја коментираат економската криза и владините мерки за справување со последиците.
Да очекуваш дека работодавач ќе ги задржи на работа работниците на кои им завршува договорот, во услови на непостоечка продажба, зголемени залихи, ненамалени трошоци и без реални мерки за помош од Владата, е исто како да очекуваш Дедо Мраз да го плати долгот на Македонија.
— Евиан (@dotblackend) April 1, 2020
Пакетот со мерки на владата.За тие што тераат месец за месец pic.twitter.com/OUIzmzcVpm
— СКИТНИКОТ (@Skitnikot7) April 1, 2020
Многу негативни коментари има на тоа што банките ќе ја пресметуваат каматата на кредитите и покрај тоа што ќе има шестмесечно одложување на плаќањето на ратите. Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека мора да се одржи стабилноста на банкарскиот систем, но голем дел од граѓаните го сметаат тоа за „воено профитерство“.
Ратите мируваат камата стооо
— i999y (@i999y) April 1, 2020
Банките во МК = воени профитери
— Dimko (@ddimkooooo) April 1, 2020
Уште не сте сфатиле дека банките не се хуманитарни организации туку лихварски? 😁
— Нусе (@Blt0lcanka) April 1, 2020
Ама сериозно, како може да очекуваат дека нема да се плаќа каматата на кредити за овие 6 месеци дури им ги одложија?! Ако пропаднат банките, колапс целосен е!Исто не сфаќам луѓе шо ама баш никакако не се погодени од ситуацијава ќе си ја прифатат меркава. Go with the flow🙄
— §ofia (@DblSofia) April 1, 2020
Ако крахираат банките т.е колабира финансискиот сектор, е тогаш дрште му се , станавме Венецуела
— Electric Dreams (@abc123jch) April 1, 2020
Епидемијата на коронавирусот почна во декември во Кина, но минатиот месец премина во пандемија, односно се рашири низ целиот свет. Од вирусот досега се заразија над 940 илјади луѓе во светот, а над 47 илјади починаа. Најмногу жртви заразата однесе во Италија и во Шпанија. Во Македонија досега има 354 потврдени случаи, а 11 починаа од болеста. Владата прогласи вонредна состојба и ограничување на движењето во обид да се спречи ширењето на болеста.