Достапни линкови

Шест новозаболени од коронавирус, се заоструваат мерките на Владата


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека уште шест лица се заразени од коронавирусот со што бројот на заболени се искачи на 18. Петмина од нив се од Дебар и поради лесната клиничка слика тие ќе останат да се лекуваат во болницата во Дебар. Едната пациентка е жена која синоќа се вратила од Барселона, а за 51 патник кои патувале со неа во авионот е дадено решение за домашна самоизолација.

Министерот соопшти дека поради новонастанатата ситуација се воведуваат нови мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Се затвораат сите копнени гранични премини со исклучок на Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. Се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик. Се затвора аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид во рок од 48 часа од донесувањето на одлуката. Се затвораат сите продавници во моловите, освен аптеките, супермаркетите и продавниците за храна. Целосна забрана за работа за кафетериите, баровите, клубовите, казината, обложувалниците. Сите угостителски објекти ќе работат на алтернативен начин, односно ќе може да работат со електронски нарачки и да вршат достава на храна.

Филипче соопшти дека е формиран и Главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата.

XS
SM
MD
LG