Достапни линкови

Дали ќе станеме емотивно рамнодушни


Луѓе со заштитни маски, Скопје, март 2020 година

Дали физичката дистанца меѓу луѓето ќе има последици врз квалитетот на релациите и луѓето ќе се научат да си бидат доволни сами на себе? Социолозите велат дека онлајн контактот не го заменува вистинското дружење. Добра страна во оваа состојба е што вистинските пријателства ќе испливаат на површина.

Со секое избегнување на средба со пријателите атрофира нешто во човекот, вели познатиот аргентински писател Ернесто Сабато, кој постојано не потсетува колку е незаменливо дружењето. Со ова се согласува и универзитетскиот професор по социологија Ило Трајковски, кој вели дека во услови на оваа светска пандемија кога луѓето речиси на минимум ги сведоа меѓусебните физички релации, ниту една форма на онлајн контакт не може да ја замени магијата на вистиската средба меѓу луѓето, без стаклата на мобилните телефони и на виртуелниот свет на социјалните мрежи.

Да се прилагодиме

"Кога се зборува за дистанцирање од другите не се мисли дека ќе се изолираме, дека ќе ги прекинеме контактите, напротив кога физички нема контакт јакне она другото, да се направат други форми на контакти преку други каналаи. Ќе се прилагодуваме на состојбите. Но, нема замена на тоа како сме навиканти да го практикуваме друштвениот живот па психолозите во вакви ситуации ќе излегуваат со препораки како тоа да го премостиме" вели професорот Трајковски.

Добрата страна во оваа состојба е што вистинските пријателства ќе испливаат на површина бидејќи човекот е друштвено суштество, вели професорот додавајќи дека ниту една несреќна состојба нема да дозволи да ја дистанцира комуникацијата меѓу луѓето и оти пријателствата ќе зајакнат преку разни форми на комуникација што сега се присутни.

"Без тоа не можеме, формите на комуникација ќе се променат ќе се преиспитаат пријателства, едни пријателства ќе слабеат, други ќе јакнат во вакви моменти. Благодарение на информациската технологија, ќе комуницираме.Не мислам дека ќе опадне тој друштвен капитал, но ќе се сменат каналите на таа комуникација зашто сме општествени суштества" вели професорот Ило Трајковски.

Професорот посочува дека тоа што луѓето го избегнуваат физичкиот контакт има добра страна и во интелектуална смисла, додавајќи дека овој период може да се искористи за самонадоградба и дообразба.

"Интелигентните луѓе се опробуваат кога се сами. Ако сме сами не значи дека сме осамени. И кога не сме во физички контакт не сме изолирани, живееме во згради однесувањето на другите луѓе не погодува. Не може сами да живееме без другите. Им требаме и ние како инструмент да дојдат до намирници но и како суштества со кои ќе разговараме и комуницираме , она што не разликува од другите суштества е комуникативното дејствување и потребата да бидеме поврзани со другите"вели професорот Трајковски.

Што е поинакво?

Во Скопје каде има најмногу заболени од новиот вирус еден месец друштвениот живот е сведен на минимум, а идентично е насекаде. Луѓето се трудат да ги избегнуваат физичките контакти со другите. Нема гушкања и поздравувања со рака со луѓето кои ги сретнуваат на улица. Се оди во продавница за храна и во аптеките по лекови.Всушност луѓето не одат никаде можеби само на прошетка на отворено.

Растојанието од 2 метри меѓу луѓето може да го видиме во продавниците, банките на шалтерите кои се меѓу ретките кои работат.

Но, и покрај шокот кој го претрпуваме како друштвени суштества полека се навикнуваме на ново настанатата сотојба.

Од пред месец поразлично е тоа што не работат и театрите, кината нема изложби, затворени се училиштата и факултетите.

Паниката и стравот за опстанок надоплнтет со секојдневни инфорамции и за економските последици од новонастаната сотојба полека навлегува во стилот на живеење на граѓаните.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG