Средношколци со попреченост - учат со љубов и посветеност, игнорирани за вработување

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

РСЕ помина еден час по практична настава во државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, во Скопје. Таму видовме како Теа, Јована, Ангела, Давид, Адиса, Маркијан, Ерато и Бојан другаруваат и учат од професорот Александар Пановски-Пуцко. Она што ги обединува е чувството дека се како семејство во кое владее емпатија. А она што се појавува како пречка на патот до вработување на младите со попреченост, професорот се труди да го надмине со посветеност и без откажување.