Ваши коментари - изборите кристално чисти или нефер?

Фановите на РСЕ на социјалните мрежи ги анализираат оценките на партиските лидери за изборниот процес, па и нивните коментари се дијаметрално спротивни како изјавите на Заев и Груевски. Коментираат и за апсењето на поранешните разузнавачи во Солун.

РСЕ ја објави изјавата на Груевски дека изборите биле нефер, недемократски и нечисти, ја пренесе и изјавата на Заев дека биле кристално чисти, фер, слободни и со изолирани инциденти што го потврдија и меѓународните институции.

И еве два коментара на нашата ФБ страница: Гого Мб вели: „Кристално чисти и фер со убава криминална позадина“, а Снежана Серафимова напишала: „...СДС никогаш нема победено чесно, ќе повторам, НИКОГАШ, ама баш НИКОГАШ. И треба да се запрашате вие од СДС ЗОШТО?“ Арно ама, Вики Раденлиева порачува: „Груевски нека каже јавно како тој спроведуваше избори минатите години, сега знаеме дека ќе плаче и жали...“

Но затоа, изјавата на Груевски дека „не бега од одговорност, но за неа ќе се дискутира по изборите“ собрала прилично многу коментари преку кои може да се види дека народот сепак памети и не заборава. Виолета Николовска постирала: „Аман бе, Грујо, многу наивен си, ај не глуми чесност и поштеност, како да не знаеме што глупости правеше и какви лошотии сиве овие години!“ Бобан Дени Бенд напишал: „Врати ги парите народни... Додека ние обичниот народ работиме за 150 евра, вие сите станавте милионери, имате ли грам совест...“ Кире Велјановски потсетува на крвавиот 27 април: „Не глуми жртва и херој. Таа банда ти ја пушти, додека ти скубна во Виена, таа твојата банда ги бранеше твоите и своите криминални дејствија. Тоа немаше никаква врска со демократија. Ќе си лежиш и ти и тие зашто еднаш мора да се прекине со структури како тебе и тие околу тебе ако сакаме да бидеме држава!“ Карактеристичен е постот на некој Танче Берлускони: „Грујо, те гледам на ТВ Алфа збориш за полнење кутии, ти мене лично ме натера да ги полнам 2004-та и ме осуди во отсуство на 2 години. Не го лажи народот, научи се еднаш да збориш како лидер, засрами се, мизеријо една...“

Информацијата дека грчката полиција ги уапсила избеганите началници во УБК, Грујевски и Бошковски во Солуни дека тие не сакале да бидат екстрадирани во Македонија, Рубин Аврамовски ја пречекал со саркастичен коментар: „Абе нема некој што сака во Македонија, тоа го знаеме, ама вие ќе си лежите“. Насер Бела се смее: „Ама патриоти, ахаха, вака ли се сака земјата?“ Но Горан Петковски смета дека граѓаните „се замајуваат со вакви глупости“ и дека требало како во времето на ВМРО да се пофали власта со отворање фабрики... Оливер Панкеровски само кратко извикува: „Шутка!!!“