Достапни линкови

Заев-изборите беа кристално чисти и фер


Архивска фотографија-претседателот на СДСМ Зоран Заев

Изборите беа кристално чисти, фер, слободни, со изолирани инциденти. Тоа го потврдија и меѓународните институции. Ова денеска во Кавадарци го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој синоќа на гостувањето на ТВ Алфа рече дека првиот круг од локалните избори се нелегитимни, но дека на надворешниот фактор му одговарало, како што нагласи, да не го види тоа. Тој рече и дека два пати ги повикувале амбасадорите и ОБСЕ да ги информираат за изборните нерегуларности, но дека се гледало оти не биле дојдени, како што рече, да спречат нешто.

Заев денеска прашан и за изјавата од претставниците на Беса упатена до СДСМ да се држеле понастрана од албанските гласови, тој рече дека имаат коалициски партнери обелоденети уште пред самата кампања. Заев денеска беше во Кавадарци за да му даде поддршка на Бетиане Китев, кандидатот за градоначалник од СДСМ.

XS
SM
MD
LG