Насилна исламизација на пакистански девојки
Групите за човекови права во Пакистан бараат нови закони за заштита на малолетни Хинду девојки кои со сила го прифаќаат исламот и се венчаваат со Муслимани. Се проценува дека околу 1000 девојки годишно се принудени, измамени или киднапирани. Радио Машал на РСЕ разговараше со очајни семејства кои се распаднати и ги испрашуваше свештениците кои наводно стојат зад присилните преобраќања.