Настаните на денот низ фотографии - 8 август 2022
Политичари и апчиња
5
УКРАИНА - Шефот на југоисточниот украински регион Запорожје, Евгениј Балицки, кого го постави Москва, официјално нареди локален референдум за можноста за придружување на таа покраина кон Руската Федерација.
6
МАКЕДОНИЈА - Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци сè уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од ЦУК.
7
МАКЕДОНИЈА - Прогресивното оданочување останува отворено прашање за кое, како што најавуваат од Министерството за финансии, ќе се дебатира во следниот период. Во предлог-даночната реформа нема конкретен предлог за ова прашање со цел да се остави простор за дебата и да се види кое решение би било најсоодветно.
8
РОМАНИЈА - Романскиот министер за здравство Александру Рафила ги повика денеска Романците помлади од 40 години „што е можно поскоро“ да одат кај своите матични лекари или во аптеките за да земат таблети со калиум јодид.