Достапни линкови

Вести

Поднесена кривична пријава против лицето кое пукаше на плоштадот „Скендербег“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик против Е.Ј.(40) од Скопје.

Како што информира МВР, „по преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, лицето беше лишено од слобода вчеравечер (06.07.2022) во 20.10 часот, бидејќи околу 19.40 часот, во текот на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, за време на инцидент на плоштадот „Скендербег“ на бул.„Гоце Делчев“, извадил пиштол „Walter P99“, кој го поседувал со дозвола и испукал во воздух“.

„Пиштолот му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, за што во соработка со ОЈО Скопје лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево информираше дека поднело кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за двајца демонстранти на протестите против францускиот предлог. Двајцата се пријавени за делото учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Во еден од случаите, станува збор за кривична пријава за 18-годишното момче за кое полицијата претходно во текот на денот информираше дека го привела, а кое на протестот во вторникот фрлало молотови коктели кон полицајците и зградата на Собранието.

Другата кривична пријава е за 22-годишно момче од Скопје кое денеска било лишено од слобода. Тоа на протестите вчера (среда) фрлало со тврд предмети кон полицајците при што повредило еден од нив.

види ги сите денешни вести

Издадени 358 дозволи за привремен престој на украински бегалци во РСМ

Илустрација

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека од кога почнала руската инвазија во Украина на 24 февруари на територијата на земјата влегле 21.106 украински државјани, а на излез поминале 15.539 украински државјани.

„Тоа покажува дека овие државјани биле овде на територијата и најголем дел се вратиле, затоа што ги донеле своите семејства. Притоа, најголем дел од овие луѓе се дојдени на ниво на пријателски, роднински и бизнис врски, затоа што работеле во одредени компании”, истакна министерот Спасовски во интервју за Макфакс.

Според него, 4.130 лица се под 16-годишна возраст, а 664 се лица над 70-годишна возраст.

„Во истиот период, од почетокот на кризата до денес имаме издадено 358 дозволи за привремен престој поради хуманитарни причини. Тоа не е туристички престој, како што се шпекулираше во јавноста, односно дека на тој начин државата не била подготвена. Напротив, оние лица кои побарале привремен престој од хуманитарни причини, а такви се 358, го добиле тој статус, додека немаме лица кои побарале азил на територија на РСМ”, информираше министерот Спасовски.

Тој посочи дека има и други државјани, вклучително и руски, кои побарале заштита на територијата на РСМ од повеќе причини. Спасовски рече и дека 562 руски државјани влегле на територија на РСМ, а околу 512 ја напуштиле „што значи дека тие транзитираат низ државата“.

Лидерите на ЕУ без согласност за ограничување на цената на гасот

Лидерите на ЕУ на средба во Прага

Лидерите на Европската унија денеска се согласија да дадат поголема финансиска и воена помош за Украина, но, не донесоа одлука за тоа дали или како да се ограничат цените на гасот по одржувањето на неформалниот самит во Прага.

Повеќето од 27-те земји на ЕУ сакаат ограничување на цените на гасот за да се справат со зголемените цени во услови на пад на снабдувањето со гас од Русија. ЕУ со недели разговараше за ограничување на цената, но несогласувањата околу деталите беа пречка за договор. Цените на бензинот и струјата вртоглаво пораснаа поради неиспоровоцираната војна на Русија во Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи „патоказ“ на мерки за да помогне во олеснувањето на товарот, вклучително и потенцијално ограничување на цената.

Идеите вклучуваат ограничување на цената на увозот на рускиот гас, намалување на цената на другиот увоз на гас, ограничување на цената на гасот што се користи за производство на електрична енергија и ограничување на цената на трансакциите на гас во рамките на блокот.

„Сите се согласуваат дека треба да ги намалиме цените на енергенсите, но нема договор кои инструменти да ги користиме точно за таа цел“, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Ирскиот премиер, Мајкл Мартин исто така рече дека „треба да се направи многу работа“ пред да се постигне договор.

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека извршната власт на блокот подоцна овој месец ќе им претстави на лидерите на ЕУ поширок пакет краткорочни мерки за намалување на цените и подолгорочни чекори за редизајнирање на пазарот на енергенси.

По завршувањето на состанокот во Прага, Франција соопшти дека создала фонд за Украина за директно да купува оружје и друг материјал од производителите.

Шефот за надворешна политика на блокот, Жозеп Борел, претходно за време на самитот рече дека сака блокот да одвои повеќе пари за воена поддршка за Украина, вклучително и за обука, и дека конкретни предлози за тоа би можеле да бидат одобрени подоцна овој месец.

Мицкоски не се откажува од избори и за коалиционен партнер ја преферира албанската опозиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека партијата не се откажува од барањето за брзи парламентарни избори, но се помирила со фактот дека граѓаните во моментов имаат други приоритети како справување со енергетската и економската криза.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во позиција да формира влада, како што наведе Мицкоски, ќе го избере коалицискиот партнер со кој програмата ќе им биде компатибилна.

„Јас ја преферирам албанската опозиција, честопати го говорам тоа и ќе го повторам и во вашата емисија, сепак има едно правило над сите правила и желби а тоа е правилото на Бадентер кој што доколку сакаме да имаме успешно спроведени реформи, ние мораме да го почитуваме. Сум го кажал тоа. Јас сум човек кој што сака легалистички да ги гледа работите“ рече Мицкоски во во емисијата „360 степени“.

Тој притоа не ја отфрла можноста за формирање на проширена коалиција меѓу сите парламентарни партии, која што би водела кон распуштање на Парламентот и закажување на избори.

Спасовски со осуда за отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека денешните протести во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид завршиле без посебни нарушувања на јавниот ред и мир. Според него, немало никакви обиди за судир со полицијата.

„Јас го разбирам протестот кој го изразуваат граѓаните како најсилно право да го искажат тоа што го размислуваат. Лично јас, осудувам отворање на таков клуб во Република Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто, заради тоа што ние сме држава која е родена на придобивките на НОБ. Тие придобивки ги чуваме ги негуваме заради тоа што на тој начин ја чуваме државата. Во идеолошка смисла јас сум следбеник на тие политики и мислам дека е апсолутно неприфатливо да биде промовиран начинот на однесување преку ликови кои биле дел од фашизмот“, порача Спасовски во интервју за Макфакс.

Спасовски смета и дека е многу е нелогично што од една страна барањата на Бугарија се дека не треба да се нарекуваат фашисти, наспроти историските факти, што од друга страна, воопшто не кореспондира со настаните кои сакаат да ги промовираат во Северна Македонија.

Од СВР Охрид денеска информираа дека полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани на протестите, против кое ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Додека траеше церемонијата на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, стотини граѓани протестираа. Спорно им е името на клубот и здружението на граѓани кое стои зад него.

Вучиќ: Никој отворено од Србија не бараше санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека на самитот во Прага многу луѓе зборувале за санкции против Русија, но никој отворено не го побарал тоа од почит кон неговата земја.

„Тоа никогаш не го кријам од народот, тие секојдневно говорат, тоа го бараат од 15 до 20 проценти од граѓаните на Србија и тоа го прифаќам како легитимно барање и толку“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека Србија, без разлика дали вовела санкции кон Русија или не е важен дел од европската политичка заедница која за прв пат се состана вчера во Прага.

Вучиќ објасни зошто Србија бурно реагирала на веста од Европската унија за забраната за увоз на руска нафта, иако веќе се знаело дека од 1 ноември нема да може да увезува нафта од Русија.

  1. Вучиќ вели дека не се плаши од тие што му се закануваат бидејќи не воведе санкции кон Русија

Имено, тој рече дека Европската комисија првично одлучила да ја изземе Србија од забраната за увоз на руска нафта, но тоа било напуштено на иницијатива на Хрватска, која имала поддршка од две земји членки на Европската унија. Вучиќ посочи дека дури тогаш Европската комисија сфатила дека нема консензус за тоа прашање, па го симнале од дневен ред.

Прекршочна пријава за едно лице по протестите во Охрид

Протестите против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Од СВР Охрид денеска информираа дека полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани на протестите против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

„Против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“ ,соопштија од СВР Охрид.

Оттаму наведуваат и дека не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест.

Тензии на отворањето на клубот „Цар Борис“ во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Додека траеше церемонијата на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, стотини граѓани протестираа. Спорно им е името на клубот и здружението на граѓани кое стои зад него.

Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ е формирано лани во ноември, а на 7 октомври отвора само свој клуб, дуќанче од 25 квадратни метри сместено на првиот кат во трговскиот центар Амам во Охрид, кој Бугарите го сметаат за втор Ерусалим.

Клубот го носи името на бугарскиот цар за време на Втората светска војна, кога Бугарија е дел од оската со нацистичка Германија и фашистичка Италија.

Левица ја поднесе иницијативата за референдум

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Партијата Левица до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави иницијативата за референдум против францускиот предлог, откако ги собраа потребните потписи.

Прашањето за кое што се предлага распишување референдум гласи: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека очекува иницијативата да не биде отфрлена од страна на Џафери, а доколку тоа се случи најави блокада на законодавниот дом.

Левица најави нова иницијатива за референдум, откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли претходната поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот со Бугарија. Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ како неуставна, а СДСМ ја поддржа неговата одлука.

Пратениците во Собранието на 16 јули ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Украинскиот добитник на Нобеловата награда за мир повика Путин да се соочи со меѓународен трибунал

Шефицата на украинскиот „Центар за граѓански слободи“, Олександра Матвијчук.

Шефицата на украинската организација за човекови права „Центар за граѓански слободи“ која ја доби Нобеловата награда за мир, Олександра Матвијчук изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен трибунал поради тековна неиспровоцирана инвазија на Украина, која однесе илјадници животи.

„Неопходно е да се создаде меѓународен трибунал и да се изведат Путин, (белорускиот владетел Александар) Лукашенко и другите воени злосторници пред лицето на правдата“, напиша Матвијчук во објавата на Фејсбук по неколку часа откако центарот беше именуван за добитник на Нобеловата награда за мир.

Според неа, со тоа би им се дало шанса на стотиците илјади жртви на воените злосторства да ја видат правдата.

„ОН и нејзините земји-членки треба да спроведат меѓународни реформи за мир и безбедност за да создадат гаранции за сите земји и нивните граѓани, без оглед на нивното учество или неучество во воени блокови или воен капацитет. Русија треба да биде исклучена од Советот за безбедност на ОН за систематско кршење на повелбата на ОН“, додаде таа.

Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијатски, руската организација за човекови права „Меморијал“ исто така ја добија Нобеловата награда за мир за 2022 година.

Синдикалната минимална кошница над 800 евра

Илустрација

Од Сојузот на синдикати на Македонија- ССМ соопштија денеска дека синдикалната минимална кошница за септември изнесува 50.224 денари или 816 евра.

„Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница“, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Синдикалната кошница претставува минималната сума која му е потребна на едно четиричлено семејство кое живее во дом од 50 квадратни метри и не поседува автомобил. Според ССМ, работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто.

„Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа. Не може да се справувате со зголемените трошоци за живот без зголемување на платите на работниците, поради тоа ССМ инсистира платите во државата да го следат порастот на инфлацијата од 18,7 проценти, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ“, велат оттаму.

Владата најави дека наредната недела ќе излезе со конкретни таргетирани мерки насочени кон најранливи категории граѓани и компаниите.

Коцарев: Мала е веројатноста нашата држава да стане членка на ЕУ во следните 30 години

Претседателот на Македонската академија на наука и уметностите- МАНУ, академикот Љупчо Коцарев.

Претседателот на Македонската академија на наука и уметностите- МАНУ, академикот Љупчо Коцарев денеска порача дека „треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала“.

По повод Денот на Академијата, тој како причини за неговиот став, ги наведе бавното темпо на интегративните процеси во ЕУ во однос на земјите на Балканот, како и правото на вето кое го користат некои земји членки.

„Со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава Македонија, како и врз Македонците во соседните држави, но и насекаде каде што живеат и опстојуваат како народ, рече Коцарев.

Тој напомена дека во време кога не очекува висока инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза, потребна е Стратегија за национален развој и договор за економски реформи, политики и мерки, кои треба да се спроведуваат во следните најмалку 20-тина години.

Коцарев информираше дека МАНУ во наредната година, во соработка со сите други општествени фактори, ќе пристапи кон изработка на Националната стратегија за развој на Македонија во следните 20 години.

По повод денот на Академијата на академиците Павол Жиго и Каролин Снајвели им беше доделено меѓународното признание „Блаже Конески“.

Започнува изградбата на првите две делници од пругата Куманово- Бељаковце- Крива Паланка

Илустрација

Директорот на „ЖРСМ Инфраструктура“, Хари Локвенец денеска информираше дека месецов официјално ќе биде означен почетокот на изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8. Според него, едната од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар, ќе ја гради конзорциумот „Штрабак“, сочинет од компании од повеќе држави. Другата од Бељковце до Крива Паланка работи турската компанија „Ѓулермак“

„Тоа значи дека до крајот на 2025 година ние би ги имале завршено двете фази од пругата до Република Бугарија, до Крива Паланка“, рече Локвенец, при што дополни дека 54 проценти од првата делница е веќе изградена.

Што се однесува до третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, Локвенец посочи дека во завршна фаза е подготовката на тендерската документација и изборот да биде завршен до крајот на следната година. Тој додава и дека за првите две делници од пругата Куманово до Крива Паланка се решени 1500 предмети за експропријација.

Што се однесува до западното крило од Коридорот 8 кон Република Албанија, во должина од 63 километри, односно делницата од Кичево до Лин, Локвенец појасни дека поради забелешките од УНЕСКО, ќе се изврши промена на трасата во делот кон Лин, поради потенцијални ризици по Охридското Езеро од градбата на логистичката инфраструктура на пругата.




Нови 56 случаи на ковид, пријавени 2 починати лица

Тестирање за ковид. Илустрација.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 9 се реинфекции. Оздравени се 69 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица, од Кавадарци (76г) и Скопје (85г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16 до 25 септември.

Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432.

СДСМ не поддржува отворање на клубови на ниту еден поддржувач и извршител на Третиот Рајх

Протест против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ на прес-конференција во Собранието во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид изјави дека не поддржуваат отворање на клубови на ниту еден поддржувач и извршител на Третиот Рајх.

„СДСМ осудува провокации од каков било вид. Оваа земја почива на херојството на нашите предци и делата на македонската антифашистичка борба. За нас, значењето на антифашистичката борба е исклучителна, државничка и безвременска. Затоа, наша обврска е институционално да најдеме решение да ги затвориме овие прашања кои свесни сме дека иритираат, но уверени сме дека се спорадични и предизвикани од нечиј трет интерес. Бидејќи постојат поединци и партии кои сакаат нашите две држави да останат во вечен конфликт, кои нема да донесат ништо добро. Факт е дека нашите закони во овој дел имаат одредени недоречености за што се потребни законски промени“, рече Коциќ.

Тој посочи и дека пратениците од СДСМ повикуваат да се разгледа преку широка јавна дебата новиот закон за здруженија и фондации со цел да се дојде до решение преку инклузивен процес. Законот, според Коциќ, ќе биде во интерес на заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура во иднина.

Коциќ посочи и дека СДСМ секогаш била на вистинската страна на историјата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ е партија „чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот“.

Во Охрид денеска се отвори вториот бугарски клуб во земјава кој го носи името „Цар Борис Трети“. Левица организираше протест пред клубот, кој беше поддржан и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од Министерството за правда најавија дека Законот за здруженија и фондации ќе биде објавен на ЕНЕР до крајот на октомври.

Лидерите на ЕУ се расправаат околу одговорот за енергетската криза

Пред самитот на ЕУ во Прага

Поделбите меѓу лидерите на Европската унија околу ограничувањето на цените на бензинот и националните спасувачки пакети повторно се појавија денеска, при што Полска ја обвини Германија за „себичност“ во нејзиниот одговор на зимската енергетска криза предизвикана од руската војна во Украина. Мнозинството земји на ЕУ побараа од Брисел да предложи ограничување цените на бензинот, но не се согласуваат околу деталите. Некои земји бараат широка заштита за сите трговски и увозни договори со гас, додека други претпочитаат ограничена граница само во енергетскиот сектор.

Во Прага состанок на шефови на држави или влади на ЕУ

Ограничувањето е меѓу низата предлози и иницијативи на европските држави за да се справат со падот на снабдувањето со гас од Русија, која некогаш обезбедуваше 40 насто од потребите на Европа.Германија, Данска и Холандија се спротивставуваат на ограничувањето, загрижени дека тоа ќе го отежне купувањето на гасот што им е потребен на нивните економии. Пристигнувајќи на самитот на ЕУ во Прашкиот замок, австрискиот канцелар Карл Нехамер рече дека секое ограничување на цената мора да се смисли и имплементира на начин што ќе ги поддржува снабдувачите со електрична енергија. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека не се очекуваат одлуки денеска, но се надева дека дискусијата меѓу лидерите ќе доведе до договор на следниот состанок на 20-21 октомври.

НАТО: Русија стои зад сајбер-нападот врз Владата на Црна Гора

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана денеска изјави дека Русија стои зад сајбер-нападот врз Владата на Црна Гора. „Црна Гора е изложена на сајбер напад од руска група. Тоа го видовме во Босна и Херцеговина и ќе видиме што ќе се случи понатаму. Но, ние сме присутни, имаме 20.000 војници на Косово и тоа е најсилното воено присуство во Балканот затоа што сакаме да гарантираме мир во регионот“, рече Јоана во Будва за време на првиот ден од регионалната безбедност „Да се биде безбеден - Форум 2БС“. Тој рече дека НАТО ќе направи се за да обезбеди мир на Балканот преку мисијата КФОР.

Црна Гора протера уште 28 странски државјани поради соработка со странски служби

Според него, Русија започнала „страшна војна“ со страшни последици. „Запорожје и другите региони, кои се со големина на Португалија, се присоединуваат кон Русија. НАТО никогаш нема да го признае ова одземање на земјиште. Исто така, таа нуклеарна реторика е нешто што ескалира, бидејќи војната не оди како што Русија замислуваше, бидејќи Москва наиде на силен отпор и отпор на обичните луѓе“, рече заменик генералниот секретар на НАТО.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG