Достапни линкови

Вести

ЕУ следниот месец ќе се изјасни за кандидатски статус за членство во ЕУ за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предава пополнет европскиот прашалник на преставникот на ЕУ во неговата земја Маати Масикас

Европската комисија следниот месец ќе одговори на прашањето за кандидатурата на Украина за членство во ЕУ. Претседателката на Евроспката Комисија Урсула фон дер Лајен денеска на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека со нетрпение чека да ги добие одговорите на прашалникот за членство на Украина.

„Комисијата на ЕУ ќе има за цел да го даде своето мислење во јуни“, додаде таа.
Подоцна таа пред Европскиот парламент во Стразбур изјави дека иднината на Европа е и „иднината на Украина“.

Зеленски на 18 април го предаде пополнет прашалникот за Украина кој е една од обврските пред разгледување на прашањето за кандидатски статус за ЕУ.
За определување на формален кандидатски статус на Украина ќе одлучат членовите на блокот, откако Европската комисија ќе го разгледа прашалникот и ќе се изјасни по него.

Украина бара покана за членство во ЕУ, како „моќен одговор“ кон Русија

Доколку биде одобрена како кандидат, Украина ќе мора да помине низ сложен и потенцијално долг процес на пристапување кој би подразбирал исполнување на ригорозни демократски стандарди и стандарди за владеење на правото.
Соочени со руската неиспровоцирана инвазија на Украина, претставниците на ЕУ рекоа дека ќе работат на забрзување на процесот на пристапување колку што е можно повеќе.

види ги сите денешни вести

Софиското обвинителство поведе предистрага за закани против Пендиков

Министрите Османи и Милков во посета на Христијан Пендиков во болница во Софија

Окружно јавно обвинителство на Софија поведе предистражна постапка поради закани по животот упатени кон Христијан Пендиков, кој беше повреден во инцидентот пред угостителски објект во Охрид на 19 овој месец.

Како што информира портпаролката на Јавното обвинителство, Сијка Милева, Пендиков поднел пријава до Генералната дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП) при бугарското Министерството за внатрешни работи дека во објава на социјална мрежа „му била упатена заканувачка порака на македонски јазик“, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за „насилство врз него“.

Според Милева, надлежниот јавен обвинител наредил ГДБОП да извиши увид по пријавата.

„Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза поведувањето постапки против злосторствата од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница“, додаде Милева.

Пендиков, кој се здоби со повреди при тепачката во Охрид, минатата недела беше префрлен на лекување во Софија.

Едно лице загина во амбасадата на Азербејџан во Иран

илустрација

Еден службеник за безбедност загина, а двајца чувари се ранети кога напаѓач вооружен со автоматска пушка упадна во амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го нарече нападот на 27 јануари „терористички чин“, а Баку брзо објави дека го евакуира персоналот на амбасадата, обвинувајќи го Иран за инцидентот.

„Напаѓачот го пробил стражарското место, убивајќи го шефот на обезбедувањето со автоматска пушка „Калашников“, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи.

Иранската државна телевизија го цитираше шефот на техеранската полиција Хосеин Рахими дека напаѓачот е уапсен и дека имал „лични и семејни проблеми“.

Рахими рече дека напаѓачот влегол во амбасадата со две деца. Сепак, видеото од камерата за надзор од внатрешноста на амбасадата објавено во Азербејџан покажува како напаѓачот сам влегол во зградата.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека Техеран силно го осудува нападот, кој се истражува со „висок приоритет и чувствителност“.

Иран и Азербејџан имаат заедничка граница. Односите меѓу двете земји се затегнати поради конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија за регионот Нагорно-Карабах.

Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи, Ајксан Хачизада, за локалните медиуми изјави дека „целата одговорност за нападот е на Иран“, бидејќи неодамнешната антиазербејџанска кампања во иранските медиуми „го охрабрила нападот“.

Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на Владата

илустрација

Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада.

За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот.

Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата.

На гласањето му претходеше тридневна расправа и говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Поради скандалот со прислушувањата во земјата, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата.

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кога им се оддава почит на сите што беа убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на Логорот на смртта Аушвиц пред 78 години изјави: „Ветуваме дека ова никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ. Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити себеси. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи нашите непријатели да нанесат голема болка, страдање и катастрофална загуба што нашиот народ го доживеа за време на холокаустот“.

Тој изјави дека има „оние кои се уште повикуваат на уништување“ на Израел, но таа земја никогаш нема да дозволи „заканите на тираните да го заплашат“. Во Израел годинава Денот на сеќавање на холокаустот посебно ќе биде одбележан на 17 и 18 април. Според податоците од 2022 година, во Израел имало 161.400 преживеани од Холокаустот, со просечна возраст од 85,5 години и 1.000 постари од 100 години.

Донфрид: Косово и Србија мора да ја завршат напорната работа

Карен Донфрид

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Карен Донфрид изјави дека Косово и Србија треба да донесат тешки одлуки и дека САД и ЕУ сакаат да им помогнат и да ги поддржат во тоа. „САД и Европската унија не се обидуваат да наметнат решение за односите меѓу Косово и Србија, туку да им помогнат да донесат тешки одлуки“, рече Донфрид во интервју за Гласот на Америка на албански јазик.

Американскиот функционер посочи дека постои можност земјите од Западен Балкан да напредуваат на патот на евроатлантските интеграции. „Ние ќе бидеме со нив, но можеме само да помогнеме и да се обидеме да ја обезбедиме таа иднина, а Косово и Србија треба да направат напорна работа“, додаде таа.

Донфрид во врска со руската агресија врз Украина посочи дека оружјето што САД и многу други земји континуирано и го даваат на Украина треба да и овозможат подобра позиција во одбраната на својата територија од руската агресија. „Сега гледаме што прави Русија со својот сосед, не само на бојното поле, но и со бомбардирање на украинската цивилна инфраструктура, енергетски објекти“, рече американскиот функционер – со напомена дека Русија се обидува, како што вели, земјата од 44 милиони жители да ја турне во темнина и студена зима.

На прашањето дали руската инвазија на Украина го врати светот во ерата на Студената војна, Донфрид рече дека тоа не е Студена војна или натпревар меѓу САД и Русија. „Владимир Путин ја започна војната и може да ја заврши утре. Ако Русија престане да се бори - војната ќе заврши. Но, како што вели мојот шеф, секретарот Блинкен, ако Украина престане да се бори - таа ќе престане да постои“, рече таа.

Официјален претставник на ЕУ: Русија го пренасочува фокусот на војната кон „НАТО и Западот“

Стефано Санино

Висок функционер на ЕУ вели дека Русија ја однела својата војна против Украина во „поинаква фаза“ преку неселективни напади врз цивили и невоени цели, истовремено критикувајќи ја Москва дека ги поттикнала неодамнешните потези на Германија и САД да испратат напредни тенкови во Украина. Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи на Европската унија, им рече на новинарите во Токио дека Путин „се префрлил од концептот за специјална операција на концепт за војна против НАТО и Западот“.

Тој рече дека германските и американските тенкови се наменети да им помогнат на Украинците да се одбранат. „Мислам дека овој најнов развој во однос на снабдувањето со оружје е само еволуција на ситуацијата и на начинот на кој Русија почна да ја движи војната во друга фаза“, рече Санино, додавајќи дека ЕУ не ја поместува војната во друга фаза, туку „само дава можност да се спасат животи и да им се дозволи на Украинците да се бранат од овие варварски напади“.

Милков: Софија со нота ќе бара од Скопје безбедност за Бугарите за годишнината од раѓањето на Делчев

Nikolay Milkov - Bulgarian minister of foreign affairs

Бугарското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до Скопје со барање да се гарантира безбедноста на Бугарите кои на 4 февруари ќе отпатуваат во Северна Македонија за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави денеска шефот на бугарската дипломатија Николај Милков. „Клучно во моментов е да се обезбеди спокојство за Бугарите таму. Сакаме да постигнеме деескалација на тензиите“, додаде Милков.

Тој најави дека за таа цел ќе претстои и телефонски разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев. Милков додаде дека проблем во сегашната ситуација е тоа што Бугарите и лицата со бугарско национално чувство во земјава „немаат доверба во основните институции“.

Тој нагласи и дека Бугарија нема да стави ново вето на европскиот пат на земјава, бидејќи, како што рече, тоа не е неопходно затоа што Северна Македонија „не ни почнала преговори“.

„Има јасен критериум. Кога Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот – почнуваат преговорите. Тогаш веќе можеме да размислуваме до кој степен ги исполнуваат критериумите. Во моментов тоа не е потребно. Тие имаат јасен услов, тоа е европски услов, ратификуван од нашиот Парламент и прифатен од нивниот Парламент како услов. Можеби затоа што гледаат што произлегува од тие услови, затоа сега таму се создаваат овие тензии, додаде Милков.

Во однос на најавите за забрана за влез во земјава на еден пратеник во Европскиот парламент и неколку други лица од Бугарија, Милков изјави дека доколку се случи такво нешто, тоа би претставувало настан без преседан од повеќе причини. „Не ми е познато дека досега две земји членки на ЕУ меѓусебно си прогласиле поединци за персона нон грата. Забрана за влез на европратеници во земја кандидат ми изгледа нелогична“, рече Милков.

Вработените во МКЦ ја демантираат градоначалничката и обвинуваат за притисоци врз нив

Програмски колектив на МКЦ на прес конференција

На клевети, сериозни притисоци , распити и мобинг врз вработените , паушално толкување на законите и документите како и оградување од надлежности, се проблемите кои ги посочија вработените во Младинскиот културен центар по вчерашната прес конференција на градоначалничката Данела Арсовска за случувањата во МКЦ. Програмските уредници испратија и порака до надлежните институции.

„Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето. Истрајавме, и ќе истраеме сѐ додека веруваме во правна и правична држава, и само во тоа. Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притосок на нашето работно место“е ставот на персоналниот колегиум на МКЦ.

Програмските уредници во институцијата ги дематираат сите обвинувања кои таа вчера ги насочени на нивна адреса и додаваат дека изминативе денови се изложени на сериозни притисоци од вработени во Градот кои не се дел од ревизијата, а се постојано во канцеларијата на новоназначениот в.д. директор Никола Алексов.

„Сакаме да прашаме кој е Ѓорѓи Грковски, кој што се појавува тука, тој не е ревизор, туку е раководител на сектор за општи работи во Град Скопје, кој е тој човек и дали има право да им поставува прашања на вработените кои немаат врски со материјално и финансиско работење на МКЦ кое во надлежност на оцена на ревизорите. Немаме проблем да соработуваме со вистинските ревизори и за нив се достапни сите документи на МКЦ, но прашања и инсинуирање да се дадат изјави на одредени теми од лице за кое не знаеме дали воопшто има некаква надлежност во текот на ревизијата е во најмала рака сомнително,“вели Филип Николовски од МКЦ.

Во однос на обвинувањата на Арсовска кон претходниот вд директор на МКЦ Ванчо Богоев за „тајниот состанок во канцелариите на Градот “ на кој му се вршеле, како што вели Богоев притисоци за вработување на Арбен Шаќири, познат во јавноста како Бени, вработените во МКЦ апелираат до вработените во градската администрација кои „тивко кажуваат за гласниот состанок меѓу поранешниот вд директор и генералниот секретар на Град Скопје“ да го обзнанат тоа јавноста и надлежните институции.

„Тој Богоев има изјави со кои се обидува, знаејќи кои работи со оваа ревизија следат, знаејќи она што го правел во изминатите 12 месеци, да најде начин, нешто што ќе предизвика доволен притисок во јавноста, за да смета дека тоа може да биде начин да се повлече од ова што следи“ изјави вчера Арсовска.

Програмските уредници бараат да се отвори регуларен и чесен конкурс за назначување на директор на МКЦ.

Арсовска вчера обвини дека од сметката на МКЦ биле „испумпани“ колу 100 илјади евра.

„Тоа е спинување, тоа не се повлечени пари, според информација вчера се работи за обвинувања извлечени од незавршен ревизорски извештај. Да објасниме дека тоа е погрешно толкување на благајничкото работење, не е тоа кеш што некаде стои во моментов. тоа се благајнички и записи на уплати на дневен промет кој ги прави угоститеслата дејност во МКЦ“, вели поранешниот привремен директор Русе Арсов.

Во однос на документите кои пред медиумите покажа Арсовска дека ги поседува и кои не ги објави ниту сподели со медиумите, а се однесуваат на како што вели таа 90 договори за шанкери, програмските уредници објаснуваат дека се однесуваат на месечно ангажирање на неколку млади луѓе во текот на 12 месеци.

„Најчесто тоа се студенти, кои чесно работат за дневница, често и двојни смени, која на крај на месецот врз основа на сработеното им се исплаќа како хонорар, со платен данок. И секако 90 договори не се 90 лица - паушален одговор за 12 месеци во годината се 7 извршители месечно, секое со свој посебен месечен договор. Како и да е, на секој од нив посебно сме им благодарни“ вели Кирил Мечалов, вработен во МКЦ.

Тој додава дека дека изминатава година работат со помал број на вработени од претходните години, и дека МКЦ континуирано бара од Град Скопје нови вработувања, па макар тоа било времено и преку Агенција за привремени вработувања, за кои е потребна согласност од Град Скопје, која до сега не ја добиле.

За кратењето во буџетот за работа на МКЦ, вработените тврдат дека програмскиот буџет од 22,3 милиони денари во 2020 година лани им бил намален на 14,5 милиони денари.

Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе. По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години. Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава во текот на вчерашниот ден донел Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик. „Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Министерот Спасовски повика да не се блокираат патишта и на мирно и достоинствено чествување

Оливер Спасовски

„Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје.

„Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат се и да обезбедат мирни услови“, рече Спасовски, најавувајќи дека имаат секојдневни активности МВР и агенциите и дека се формира посебен штаб за оваа активност. Спасовски е уверен дека нема да биде многу голем бројот на оние кои се организираат и сакаат да дојдат, бидејќи, како што посочи, граѓаните не се расположени за конфликти, сакаат стабилизација и напредок. „Нема да дозволиме дома некој да ни дојде за да не понижува. Во тој дел институциите работат и прибираат информации, нагласи Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

За тоа дали европратеникот Ангел Џамбаски ќе биде прогласен за персона нон грата, Спасовски рече дека ќе ја носат одлуката кога ќе дојде време за тоа. „Институциите ќе работат сериозно врз основа на сите сознанија, ќе бидат вклучени сите сектори задолжени во овој дел за на крајот да ја постигнеме целта, а тоа да биде со мир, стабилност и безбедност за нашите граѓани и држава“, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи за последниот случај во Охрид смета дека е сценарио и дел од хибридната војна.

„Луѓе од иста групација се и тие кои тепаат и тие кои се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. За секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и која било друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај“, рече Спасовски.

Ракети истрелани од Појасот Газа, израелската армија возврати со воздушни напади

Екстремистите во Појасот Газа истрелаа ракети врз Израел по што израелската војска изутрината започна воздушни напади во услови на зголемени тензии по вчерашниот израелски напад на окупираниот Западен Брег во кој загинаа девет Палестинци, меѓу кои една постара жена и седум екстремисти. Уште еден Палестинец беше убиен вчера во одделен инцидент. Од петте ракети истрелани кон Израел, три биле пресретнати, едната паднала на отворен простор, а другата паднала во Газа, соопшти израелската армија. Цели на израелските напади биле подземните капацитети за производство на ракети на Хамас и местата за обука на екстремистите. Сирени за предупредување за проектили се огласија во јужен Израел, но нема извештаи за жртви на двете страни.

Израел и исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа, војуваа четири пати, а помали конфликти избија неколку пати откако Хамас ја презеде власта на територијата од силите лојални на поумерениот, ривал Фатах во 2007 година. Вчерашната рација на бегалскиот камп Џенин беше најсмртоносната поединечна воена операција на Западниот Брег во последниве нешто повеќе од две децении. Напливот на насилство се смета за тест за новата екстремно десничарска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху и фрла сенка врз претстојната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на регионот. Денеска муслиманите се собираат на неделна молитва, која често е проследена со протести, а Хамас вчера веднаш се закани со одмазда за рацијата.

Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ за Русија за нуклеарна енергија

Виктор Орбан

Унгарија ќе стави вето на какви било санкции на Европската унија против Русија кои влијаат врз нуклеарната енергија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио. Украина ја повика 27-члената ЕУ да ја вклучи руската државна компанија за нуклеарна енергија Росатом во санкциите, но Унгарија, која има руска нуклеарна централа што планира да ја прошири заедно со Росатом, го блокираше тоа. „Нема да дозволиме да се спроведе планот за вклучување на нуклеарната енергија во санкциите. Ова не доаѓа предвид“, рече унгарскиот премиер.

Унгарија, членка на ЕУ, постојано ги критикуваше санкциите на ЕУ кон Русија поради нејзината инвазија врз соседна Украина, велејќи дека тие не успеаја значајно да ја ослабат Русија, додека ризикуваат да ја уништат европската економија. Западот не воведе санкции за Росатом откако Русија ја нападна Украина.

Продолжуваат борбите во источна Украина, Зеленски ја поздрави „Тенковската коалиција“

Украински тенк пука кон руска позиција во близина на градот Бахмут, Доњецк, 26 јануари 2023 година

Руските сили ја продолжија офанзивата во источните региони Доњецк и Луганск, соопшти изутрината украинската војска. Украинските трупи одбија напади на 11 локации во двата источни региони во изминатите 24 часа, еден ден откако Москва изврши нов бран ракетни напади низ Украина, при што загинаа најмалку 11 лица и беше оштетена енергетската инфраструктура и покрај тоа што киевската воздушна одбрана уништи повеќето од проектилите. РСЕ не можеше независно да го потврди извештајот.

Последните извештаи за тешки борби на истокот дојдоа откако украинската војска на 26 јануари соопшти дека соборила 47 од 59 руски ракети - некои истрелани од стратешките бомбардери Ту-95 на рускиот Арктик. Москва, исто така, изврши 37 воздушни напади, од кои 17 со помош на беспилотни летала Шахед-136 од иранско производство. Сите беспилотни летала се уништени, соопшти украинската војска. Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека „веќе има 12 земји во нашата тенковска коалиција“ кои обезбедуваат напредни западни борбени тенкови за да и помогнат на одбраната на Украина од 11-месечната руска инвазија на Русија. Тој им се заблагодари на „сите во светот кои вистински се борат против теророт заедно со нас“ и повторно го нагласи „забрзувањето“ на испораката на одбранбена опрема во неговата земја.

Според извештаите на медиумите, Германија и нејзините сојузници првично ветија околу 100 тенкови Леопард 2 од германско производство, како додаток на американскиот придонес од 31 тенк М1 Абрамс и претходното ветување на Британија за 14 тенкови Челинџер 2. Обуката на украинските екипажи и испораката на тенкови ќе трае најмалку околу два месеца во најраните случаи. Неколку часа по објавувањето на германските и американските тенкови, Зеленски рече дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и дека побарал западно снабдување со ракети и авиони со долг дострел.

Алијансата за Албанците формира преговарачки тим за влез во Владата

Претседателството на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи седница во Тетово посветена на политичките случувања во земјава, на чиј дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на тим што ќе ги води преговорите за влез во Владата. Денешната седница доаѓа по заседанието на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА) одржано во саботата во Куманово, на кое беше донесена одлука Претседателството да формира тим кој ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата. „Централното собрание го овласти централното раководство на Алијанса за Албанците евентуално да одлучи понатаму да има официјална екипа којашто ќе разговара следните шест-седум дена до максимум две недели, за евентуално вклучување на Алијанса за Албанците во Владата или ако тоа продолжи повеќе, евентуално да прекине и да донесе конечна одлука“, изјави партискиот лидер Арбен Таравари по саботната седница на Собранието.

Партијата Алтернатива, која е една од членките на владината коалиција, во понеделникот изрази резерви кон вклучувањето на АА во Владата, оценувајќи дека нејзината улога би била „да го амортизира расколот во ДУИ“. Извори од партијата за МИА потврдија дека по ваквиот партиски став, во средата во Владата се одржала средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерите на ДУИ и на Алтернатива, Али Ахмети и Африм Гаши. Според истите извори, Ковачевски и Ахмети му образложиле на Гаши дека потребата за влез на Алијанса за Албанците во Владата е за пофункционално Собрание, односно мнозинството да не „кубури за кворум“ и што во таа насока можат да направат трите владини партнери. На средбата не било побарано Алтернатива да отстапи конкретно Министерство, но со формулацијата „што може да направиме за влез на Алијанса во Владата“, според партиските извори, јасно е дека „трите партии треба да отстапат по еден ресор“.

Претставникот на САД во ОБСЕ: Русија се обидува да го „избрише“ украинскиот суверенитет

Американскиот претставник во ОБСЕ Мајкл Карпентер

Американскиот претставник во ОБСЕ Мајкл Карпентер предупреди на состанокот на Постојаниот совет на организацијата дека Русија се обидува „да го избрише суверенитетот на цела, независна нација“ во Украина. Амбасадорот Мајкл Карпентер додаде дека Русија се обидува да го стори истото со соседна Белорусија, следејќи ја историската шема на негирање на постоењето на суверени нации и обидувајќи се да ги „инкорпорира во нивните империи“. Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „јасно ставил до знаење“ дека мисли оти и двете нации и „припаѓаат“ на Русија.

„САД категорично ги отфрлаат напорите на Русија да ја отфрли и потисне посебната култура, историја и државност на Украина. Ние исто така силно го поддржуваме суверенитетот и независноста на Белорусија, која има горда историја и своја богата култура“, рече Карпентер. „ Силите на Путин тајно го окупираа Крим пред неговата анексија во 2014 година, кога вооружените сепаратисти поддржани од Русија зазедоа и широки делови од источна Украина. Откако ги собра руските војници на украинските граници со Русија и Белорусија кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, Путин им нареди на десетици илјади војници и оклопни возила да започнат целосна инвазија на 24 февруари. Украинските власти бележат хроника за, како што велат, десетици или стотици илјади злосторства и други злоупотреби врз цивили, а меѓународните иследници за воени злосторства документираат многу наводи заедно со физички докази на поранешната окупирана територија. Карпентер рече дека „јазикот и погледот на Путин за Украина и нејзиниот народ се од суштинско значење за разбирање на бруталното однесување на руските сили во Украина“.

Лидерот на Кремљ го зголеми притисокот врз белорускиот моќник Александар Лукашенко откако тој се прогласи себеси за победник на шестиот мандат на погрешните претседателски избори во 2020 година, гласање што предизвика масовни улични протести и осуда од Западот. Лукашенко е дополнително изолиран на меѓународно ниво откако им дозволи на руските трупи да ја организираат својата инвазија од белоруска почва. „Руското раководство отворено и постојано го нагласува верувањето дека украинскиот и белорускиот идентитет не постојат надвор од руската култура“, изјави Карпентер пред Постојаниот совет на ОБСЕ.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG