Настаните на денот низ фотографии - 20 април 2022
Од Ванда Обидкова до Бујар Османи
5
МАКЕДОНИЈА - Над сто шишиња со масло од канабис вчеравечер биле украдени од крушевска фирма во стечај која до лани имала лиценца за производство на медицински канабис. Од полицијата велат дека кражбата е пријавена вчера околу пладне од раководителот на агенцијата која го обезбеудвала објектот а пријавено е дека се украдени 108 шишиња полнети со различна количина на масло од канабис и 6 кеси со цветови од канабис чија тежина не е прецизирана.
6
МАКЕДОНИЈА - Штрајкот во детските градинки, основното и средното образование продолжува. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека Советот на СОНК смета дека предлогот на Владата за зголемување на платите од 10 насто со цел да биде прекинат штрајкот во образованието не водат кон подобрување на состојбите и со нив се врши силен притисок врз штрајкувачите.
7
УКРАИНА / ЕУ - Мора да има правда за наводните злосторства извршени од руските сили во Украина, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој ја посети Украина во знак на поддршка, додека таа се бори да ја одбрани од неиспровоцираната инвазија на Москва. Тој во објавата на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека историјата нема да ги заборави воените злосторства што беа извршени како во Буча, така и во други градови во Украина.