Настаните на денот низ фотографии - 4 октомври 2021
Нобеловци и административци
5
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Проблемот, како што рече, е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца.
6
РУСИЈА / МАКЕДОНИЈА - В.Д. амбасадорката во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството, со која вработен во македонската амбасадата во Москва се прогласува за персона нон грата. Од руското МНР соопштија: Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за персона нон грата донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година.
7
ГРЦИЈА - Под здравствени протоколи, со задолжителен документ за ковид-19, како за студентите, така и за професорите, со физичко присуство, по речиси 19 месеци, од денеска постепено се отвораат универзитетите во Грција.
8
ЈАПОНИЈА - Јапонскиот парламент го изгласа 64-годишниот Фумио Кашида за нов премиер на земјата. Тој минатата недела го замени Јошихиде Суга како лидер на владејачката Либерално-демократската партија, која заедно со коалициските партнери има мнозинство во двата дома во јапонскиот парламент.