Достапни линкови

Ситуација со пожарите најкритична во беровско, се гаси од воздух

Хеликоптерите полнат гориво од импровизиран хелиодром во близина на пожарите

Поради дејствувањето на противпожарниот авион од Романија, хеликоптерите се повлечени, а ангажираните екипи се дистанцираат на безбедно растојание, информира попладнево ЦУК.

Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот сè уште е активен на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, и се шири со мала брзина во појас со ширина околу 200 метри и полесно се следи.

Армиски хеликоптери учествуваат во гаснење на пожарите

Поради дејствувањето на авионот, хеликоптерите се повлечени, а ангажираните екипи се дистанцираат на безбедно растојание, информира попладнево ЦУК.

„Авионот делуваше веќе два пати, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери. За рационализација на времето, за намалување на потребното време за гаснење од хеликоптерите, на лице место, односно на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин, каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје, со што значително го скративме времето, и воедно на истото место полнат вода, односно во близина полнат вода од базен, за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку. Ова е прво наше искуство со ваков авион, никојпат досега во Македонија не е гаснато со ваков авион, па сè уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц-27Ј Спартан којшто носи 6 тони вода“, рече попладнево директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Пожарот денеска го гаснат пожарникари од Берово, Делчево, Македонска Каменица, Струмица, Штип и Скопје, како и противпожарни екипи кои дојдоа на помош од Бугарија, Словенија и Австрија.

Во гаснењето помагаат и припадници на Армијата, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, вработени во шумските стопанства во регионот, ЕВН, како и месното население.

Романски авион на помош за гаснење на пожарите

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во Македонија
1/17 Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во Македонија
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Хеликоптер на АРМ учествува во гаснење на пожарите
2/17 Хеликоптер на АРМ учествува во гаснење на пожарите
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Хеликоптер на АРМ за гаснење на пожари
3/17 Хеликоптер на АРМ за гаснење на пожари
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Поглед од хеликоптер на АРМ за гаснење на пожари
4/17 Поглед од хеликоптер на АРМ за гаснење на пожари
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и припадници на Армијата во Будинарци, Беровско, во чија близина има пожар
5/17 Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и припадници на Армијата во Будинарци, Беровско, во чија близина има пожар
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Полициски службеници помагаат во гаснење на пожарите
6/17 Полициски службеници помагаат во гаснење на пожарите
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираат за гасење на пожари во атарот на селата Црник, Умлена и Чифлик во близина на Пехчево. Распоредени се екипи за контролирање на опожарените површини.
7/17 Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираат за гасење на пожари во атарот на селата Црник, Умлена и Чифлик во близина на Пехчево. Распоредени се екипи за контролирање на опожарените површини.
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен во Пехчевскиот регион се справуваат со пожарите 
8/17 Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен во Пехчевскиот регион се справуваат со пожарите 
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути во посета на Делчевско-Пехчевски регион
9/17 Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути во посета на Делчевско-Пехчевски регион
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Чад се издига во Пехчевскиот регион
10/17 Чад се издига во Пехчевскиот регион
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен се справуваат со пожарите во Делчевско и Пехчевско
11/17 Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен се справуваат со пожарите во Делчевско и Пехчевско
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен се справуваат со пожарите во Делчевско и Пехчевско
12/17 Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен се справуваат со пожарите во Делчевско и Пехчевско
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Помош од Австрија со специјализирани возила и персонал за справување со шумските пожари. Екипите беа пречекани на граничниот премин „Табановце“
13/17 Помош од Австрија со специјализирани возила и персонал за справување со шумските пожари. Екипите беа пречекани на граничниот премин „Табановце“
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Помош од Австрија со специјализирани возила и персонал за справување со шумските пожари. Екипите беа пречекани на граничниот премин „Табановце“
14/17 Помош од Австрија со специјализирани возила и персонал за справување со шумските пожари. Екипите беа пречекани на граничниот премин „Табановце“
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Село Будимирци, Беровско. Припадници на ЦУК и на државниот врв со премиерот Зоран Заев
15/17 Село Будимирци, Беровско. Припадници на ЦУК и на државниот врв со премиерот Зоран Заев
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Село Будимирци, Беровско. Припадници на ЦУК и на државниот врв со премиерот Зоран Заев
16/17 Село Будимирци, Беровско. Припадници на ЦУК и на државниот врв со премиерот Зоран Заев
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Село Будимирци, Беровско. Припадници на ЦУК и на државниот врв со премиерот Зоран Заев
17/17 Село Будимирци, Беровско. Припадници на ЦУК и на државниот врв со премиерот Зоран Заев
Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Previous slide
Next slide

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека во моментов има неколку активни пожари во земајва.

Пожарот кој започна на 2 август година во маалото Пасјак во атарот на делчевското село Нов Истевник е заобиколен од сите страни и се пази да не се прошири. ЦУК информира дека до овој момент опожарена е површина од 1100 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Пожарот денеска го гаснеле и два армиски хеликоптери на местата на коишто е најкритично да не се прошири.

Волонтери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот.

Изгаснат е пожарот на потег меѓу село Криви Дол и Кадрифаково на границата меѓу општините Свети Николе и Штип.

По контрола е ставен пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани во прилепско.

Пожарот кај радовишкото село Дамјан е локализиран.

Пожарот кај велешкото село Џидимирци е активен.

Има пожар и во кавадаречкото село Манастирец, и во село Градманци на тромеѓето меѓу Петровец, Велес и Свети Николе.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утринава соопшти дека хеликоптерите кои учествуваат во гасењето на пожарите во Малешевијата веќе нема да се враќаат во Скопје по гориво, туку полнат на импровизиран хелиодром во близина на Берово.

Компанијата Макпетрол претходно соопшти дека донира 16.500 литри млазно гориво и 8.000 литри дизел на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел да помогне во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава. Донацијата е во вредност од 1,5 милиони денари, односно околу 25 илјади евра. Млазното гориво е за хеликоптерите, а нафтата за противпожарните камиони кои учествуват во гаснењето на пожарите.

Премиерот Зоран Заев го прекина годишниот одмор и утринава на Фејсбук објави фотографии од посета на беровското село Будинарци во чија близина има пожар. На фотографиите тој е во придружба на министрите за здравство Венко Филипче, за одбрана – Радмила Шекеринска, за труд и социјала Јагода Шахпаска, како и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Во јавноста имаше жестоки реакции зашто премиерот и неколку министри се на одмор додека десетици пожари беснеат низ Македонија, а на помош дојдоа пожарникари и опрема од Србија, Бугарија, Словенија, Австрија, а денеска и од Романија.

Будинарци денеска го посети и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој изрази надеж дека во текот на денов пожарот ќе биде ставен под контрола.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG