Достапни линкови

Кризна состојба поради пожарите, активни десетина жаришта

Пожар кај делчевското село Нов Истевник, 5 август 2021

Прогласена е кризна состојба на целата територија поради ситуацијата со пожарите. На предлог на Владата, претседателот на државата треба да вклучи дел од Армијата во справувањето со жариштата, а останатите надлежни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси.

Владата денеска прогласи кризна состојба на целата територија во траење од 30 дена поради пожарите. Одлуката е донесена по предлог на Управувачкиот комитет за координација со системот за управување со кризи.

„Одлуката за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради зголемена појава на пожари и спречување на нивно ширење во траење од 30 дена, е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати страни“, вели портпаролот на Владата Мухамед Хоџа.

Одлуката доаѓа во ситуација кога Македонија деновиве е зафатена од десетици пожари. Во моментов активни се жаришта во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион, според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Вчера состојбите во пехчевско, кумановско Старо Нагоричене и во Македонски Брод беа меѓу најктичните. На сила е целосна забрана за движење низ шумските предели на земјата.

Пожарот во близина на Пехчево.
Пожарот во близина на Пехчево.

Од Владата велат дека за одлуката за кризна состојба ќе бидат известени Претседателот на државата и Собранието. Донесен е заклучок да му се предложи на Претседателот да доенесе одлука за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба.

Исто така, главниот штаб на ЦУК треба веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите и да направи целосен преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

„Владата усвои и заклучок со кој Министерството за внатрешни работи, Армијата, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за здравство, општините и сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција за справување со кризата“, вели Хоџа.

Инаку, поради состојбата во Пехчево и околината која вчера беше меѓу најкритичните, утринава пет хеликоптери, од кои три српски, полетаа да го гаснат пожарот. Тие беа во акција и во текот на вчерашниот ден, но попладнето беа призмјени поради високите тремператури.

Од пожарот во пехчевско сѐ уште се во опасност селата Умлена и Робово. Жителите велат дека во текот на ноќта гаснеле интензивно, но дека и покрај тоа пожарот е се поблиску.

„Голем број од мештаните синоќа беа на првата линија, заедно со Армијата и од утрово помагаа. Да се надеваме дека ситуацијата денес ќе биде подобра, изјави Александар Мачевски жител на Робово.

Противпожарни екипи од Бугарија помагаат во гаснење на пожарите во Пехчевско.

Во гаснењето на пожарот во пехчевско од вчера се вклучи и тим од 25 пожарникари од Бугарија. Тие продолжуваат да дејствуваат и денеска, како што изјави комесарот на единицата од Благоевград, Георги Пармаков.

Драматична беше сосотојбата и во Старо Нагоричане кумановско, а жариштето на потегот Жељувино – Дренак во општината е активно и денска, информира командирот на противпожарната единица Далибор Трајковски.

„Екипите и вчера работеа на овој потег и денеска ќе работат на ова жариште кое се наоѓа на непристапен терен, високо планинско место“, вели Трајковски.

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) помагаат во гаснење на пожарот во Старо Нагоричане, Кумановско.

Од противпожарната единица Старо Нагоричане велат дека екипа дежура на пожарот во Челопек каде вчера избувна во два наврати и зафати поранешни воени бараки, куќи, објекти, добиток и стрништа.

На оваа локалција сѐ уште има тлеење, а се чека надлежните да потврдат дали во Челопек има жртва. Според информации на жители од селото, вчера во пожарот загинала жена која не успеала навреме да го напушти својот дом и да се спаси од огнот. Екипа на МВР е на терен и треба да излезе со информации.

Пожар утринава беше активен во кумановско Горно Јачунце, според Територијалната противпожарна единица Куманово. Ставени се под контрола останатите две жаришта кај Довезенце и Јачинце – Мургаш.

„Трите активни жаришта ги гасевме до три часот наутро. Двата се целосно угаснати, но остана противпожарна патрола од месното население да дежура“, вели командирот на Територијалната протипожарна единица Куманово Дејан Илиевски.

Македонија во пламен, соседите на помош во гаснење на пожарите

Пожар во близина на Пехчево
1/15 Пожар во близина на Пехчево
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Пожар во близина на Пехчево.
2/15 Пожар во близина на Пехчево.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Противпожарни екипи од Бугарија помагаат во гаснење на пожарите во Пехчевско.
3/15 Противпожарни екипи од Бугарија помагаат во гаснење на пожарите во Пехчевско.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Изгорени дрвја по пожарот во близина на Пехчево.
4/15 Изгорени дрвја по пожарот во близина на Пехчево.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Уништени дрвја по пожарите во Пехчевско. 
5/15 Уништени дрвја по пожарите во Пехчевско. 
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Во гаснењето на пожарите во земјава помагаат и полицајци.
6/15 Во гаснењето на пожарите во земјава помагаат и полицајци.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Во гаснењето на пожарите помагаат и полицајци.
7/15 Во гаснењето на пожарите помагаат и полицајци.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Противпожарни екипи од Бугарија пристигнаа за да помагаат во гаснење на пожарите 
8/15 Противпожарни екипи од Бугарија пристигнаа за да помагаат во гаснење на пожарите 
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и неговиот српски колега Александар Вулин во посета на Старо Нагоричане каде има пожар. Србија испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија.
9/15 Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и неговиот српски колега Александар Вулин во посета на Старо Нагоричане каде има пожар. Србија испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Еден од четирите хеликоптери за гаснење пожар што ги испрати Србија во Македонија.
10/15 Еден од четирите хеликоптери за гаснење пожар што ги испрати Србија во Македонија.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути на граничниот премин Табановце го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија
11/15 Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути на граничниот премин Табановце го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Екипи на Пожарна Скопје им помагаат на своите колеги во Пехчево и Делчево каде што има пожари.
12/15 Екипи на Пожарна Скопје им помагаат на своите колеги во Пехчево и Делчево каде што има пожари.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Уништена шума по пожарите што ја зафатија Македонија. 
13/15 Уништена шума по пожарите што ја зафатија Македонија. 
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) помагаат во гаснење на пожарот во Старо Нагоричане, Кумановско.
14/15 Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) помагаат во гаснење на пожарот во Старо Нагоричане, Кумановско.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) помагаат во гаснење на пожарот во Старо Нагоричане, Кумановско.
15/15 Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) помагаат во гаснење на пожарот во Старо Нагоричане, Кумановско.
Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија. Србија испрати хеликоптери, а дојде помош и од Словенија
Previous slide
Next slide

Полицијата вчера уапси четири лица за подметнување пожари, од кои едно е државјанин на Албанија осомничен за дека подметнал пожар во гостиварско Пожаране. Едно лице е осомничено за подметнување на пожар во Старо Нагоричане, а две лица се под сомнени за предизвикување на пожар од поголем размер пред селото Блаце катлановско, информира МВР.

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека речиси над 80 отсто од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

Од Владата велат дека на денешната седницата е донесен заклучок да го задолжи Главниот штаб на ЦУК да определи лице за односи со јавност кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожарите.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

This item is part of
XS
SM
MD
LG