Достапни линкови

Шумарите и пожарите - капацитети и неработење


Пожар во Македонски Брод. Македонија деновиве е зафатена од десетици пожари низ целата територија, кои направија големи штети.

Пожарите низ земјава повторно ги отвораат прашањата дали државата навремено реагира во кризни ситуации, кои институции се надлежни, но и какви се капацитетите во човечки и материјални ресурси за соодветно дејствување во спречувањето катастрофи.

Една од главните институции која ,според законот и меѓународните прописи, има обврска да спречува пожари и други ризици во шумите, е Јавното претпријатие Национални шуми. Освен гаснењето, шумарите треба превентивно да патролираат низ шумите и со механизација да прават заштитни појаси, за при евентуален пожар да биде спречено проширување на огнот од едно место на друго.

Пожари беснеат во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Македонија деновиве се бори со десетици пожари, но колку Јавното претпријатие Национални шуми може соодветно да реагира во ситуација кога според податоците на институцијата таа поседува само една цистерна и 18 други помали возила со вградени пумпи, а истовремено во претпријатието има недоволен број шумари коишто треба да работат на терен?

„Шумочувари ни недостасуваат, реално имаме потреба од уште повеќе, бидејќи законски сме обврзани секоја стопанска единица да има по еден шумочувар. Друг проблем е што оваа гранка станува сѐ помалку популарна и има сѐ помалку луѓе кои се нафаќаат да работат во оваа област“, вели за РСЕ директорката на Јавното претпријатие Национални шуми Јулиана Николова.

И покрај недостатокот на ресурси, Николова вели дека институцијата и шумарите навремено реагираат во гаснењето на пожарите кои деновиве горат на десетици локации низ земјата, во услови на високи температури над 40 степени.

Николова - Професијата шумар е сѐ помалку популарна
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00
Директен линк

Помош притив пожарите пристигнува од повеќе служби и институции во земјава и од странство. Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) велат дека реагираат брзо, но и овојпат е посочено на слабостите на системот и на потребните реформи, но и дека институцијата Национални шуми е првата во ланецот која треба да реагира во случај на пожари.

Николова за РСЕ вели дека подружниците на јавното претријатие секоја година прават оперативни планови и уверува дека вработените навремно излегуваат на терен и максимално ја вршат работата во рамки на нивните можности и техничка опременост.

„Ние навистина сме подготвени за вакви ситуации, бидејќи јавното претпријатие со години се соочува со овие природни непогоди. Нашите подружници и луѓето коишто се дел од тие оперативни планови, веднаш излегуваат на лице место, бидејќи имаат договорени мобилни екипи и тие веднаш учествуваат во локализирање и гасење на пожарите. Доколку немаме сили да се справиме со огнената стихја, секако ги повикуваме напомош и другите институции“, вели Николова.

Новинарот-истражувач Александар Писарев од Форум-центарот за стратегиски истражувања, долго време ја истражува оваа област. Писарев објаснува дека приоритетна обврска на ЈП Национални шуми е заштита на шумите од секаов вид на опасности.

„Она што не го прават како што треба и областа во која не се доволно ангажирани, тоа е таканаречена мелиорација и создавање на заштитни појаси со просеци, односно крчење на делови од шумата и правење шумски патишта, кои при пожар би спречиле огнот да се проширува од еден дел на шумата во друг“, вели Писарев.

Писарев додава дека ЈП Национални шуми не се доволно ангажирани ниту да набават мали теренски возила, со мали цистерни до два тона, со кои постојано треба да патролираат низ шумите.

„Она што е најмногу загрижувачко, а го покажа истражувањето кое го правев, тоа е недоволниот број на шумари во одредени шумски единици во Македонија. Ако според законот и според површината со која управува и менаџира одредена секција, на пример ако треба да има 18 шумари, таа има пет, или осум. Тоа се проблемите кои се провлекуваат низ години. Како што функционираат сите јавни претпријатија, така функционираат и Национални шуми“, вели Писарев.

Николовска вели дека во однос на пожарите прават се што е во нивна моќ и дека често е тешко да се предвиди во која насока ќе се движи огнот. Таа потврдува дека имаат потреба од шумочувари, но според неа е проблем што професијата не станува помалку популарна.

Од пожарите кои ја зафатија земјава, подраматично беше на места како во Кочани каде огнот се прошири до градот и зафати куќи и автомобили со ризик да се прошири во централното градско подраје. Критично беше и во Ранковце и во кумановско каде исто така е оштетен имот и има изгорена стока.

Вчера беше критично во Пехчево и во Старо Нагоричане, пожари имаше во Крива Паланка, во села во делчевско... Информациите од ЦУК се дека ситуацијата постојано се менува, но дека ги имаат ангажирано сите расположливи ресурси.

Помош за пожарите во Македонија е испратена од соседните земји. Во земјава пристигнаа четири хеликоптери од Србија, најавено е дека ќе пристигнат пожарникари од Бугарија, а Словенија соопшти дека ќе испрати помош од 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG