Достапни линкови

Дали воопшто е возможна борба против климатските промени?


индустријата предизвикува климатски промени
индустријата предизвикува климатски промени

Научниците го финализираат долгоочекуваниот извештај на ОН, во кој се ажурира научниот консензус за климатските промени и зголемените ризици во светот. Извештајот ќе биде објавен в понеделник и анализира илјадници студии од 2013 година досега.

Климатските промени веќе предизвикуваат смртоносно и катастрофално време низ целиот свет. Речиси сите глечери во светот се топат побрзо. Ураганите се посилни. Само оваа година, дождови без преседан предизвикаа поплави во делови од централна Кина и Европа, додека пожарите пустошат на Сибир, Западот на САД и Медитеранот.

Невремињата стануваат почести, тешко е да се прогнозира нивниот интензитет

„Извештајот ќе го опфати не само фактот дека постојат рекорди во однос на влијанијата од климатските промени, туку ќе покаже дека светот денес се наоѓа на непозната територија во однос на покачувањето на нивото на морето и топењето на ледената покривка“, вели Кели Левин, од фондацијата Безос. Генерално, извештајот „ќе ја нагласи итноста на владите да ги зголемат климатските активности“, рече таа.

И додека во извештајот за 2013 година се вели дека е „исклучително веројатно“ оти индустријата предизвикува климатски промени - што сугерира дека научниците биле барем 95% сигурни во таа изјава - овој годишен извештај најверојатно ќе користи уште построги термини.

Исполнет со детали и следење на повеќе идни сценарија, извештајот најверојатно ќе има стотици, па дури и илјадници страници. Новите испитувања и главните случувања во компјутерското моделирање и собирање податоци го прават овој извештај најсеопфатен досега. Еве пет клучни работи на кои треба да се внимава:

Доверба во науката

Има нови истражувања во речиси секоја област на климатските науки, вклучувајќи го и минатото и идното затоплување на атмосферата, како и тековните влијанија врз светските океани, глечери, нивоа на морињата, копнени живеалишта и други глобални системи.

Во извештајот, исто така, е опфатено дали и колку климатските промени одиграле улога во некои досегашни специфични временски настани.

Топлотен бран - потребна е адаптација за екстремна клима

Науката рапидно напредна во текот на изминатата деценија и им овозможи на научниците подиректно да ги поврзат климатските промени со катастрофите како што се поплавите од ураганот во Хјустон во 2017 година, пожарите во Австралија од 2019-2020 година и овогодишниот смртоносен топлотен бран во северозападниот дел на Пацификот, но и во југоисточна Европа.

Пет сценарија

Годинешниот извештај вклучува пет хипотетички сценарија што се користат за проектирање на климатските промени во текот на следниот век, во зависност од тоа кога и колку луѓето ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови.

Иако извештајот не може да предвиди кој пат би можел да го следи човештвото, овие сценарија - наречени Заеднички социо-економски патеки, - ги опишуваат можните насоки што светот може да ги преземе, моделирајќи различни фактори, како што се растот на населението и промените во користењето на земјиштето.

Јаглерод

Клучен фактор во овој извештај ќе биде ревидираниот буџет за јаглерод, или износот на дополнителни емисии на стакленички гасови што може да се ослободат за да се исполни целта на Париската спогодба од не поголемо затоплување од 1,5 Целзиусови степени.

Специјалниот извештај во 2018 година процени дека опасноста за светот од испуштањето јаглерод може да зголеми за околу една деценија, освен ако глобалните емисии не се спречат.

Колектив Зет за климатска и социјална правда

Меѓутоа, има „значителни“ неизвесности околу таа проценка, се наведува во извештајот, како на пример дали климатските промени би можеле да го одмрзнат вечниот мраз на Арктикот и да ослободат јаглерод долго затворен во мразот.

Регионални детали

За првпат, во извештајот се вклучени регионални анализи и проекции. Климатските промени се чувствуваат нерамномерно низ целиот свет. Некои региони се затоплуваат побрзо од другите. Некои стануваат дождливи. Некои се соочуваат со пораст на нивото на морето.

Со вклучување на локализирани информации, извештајот има за цел подобро да ги вооружи владите со податоци за тоа како ќе бидат погодени нивните региони и за што да се подготват. Интерактивната табла која ќе биде објавена на интернет ќе им овозможи на луѓето да истражуваат податоци специфични за нивните региони.

Екстремни услови

Дел од извештајот на ОН се фокусира и врз екстремните временски услови, кои доминираат со години, додека владите се борат со рекордни поплави, пожари, топлотни бранови и други смртоносни екстреми. Овој дел ја истражува способноста да ги предвидиме временските крајности преку компјутерски симулации.

Иако екстремните временски услови не се невообичаени, тие во последно време предизвикуваат преголем дел од економските загуби главно поради климатските промени, Тука пред сѐ се посочува на тоа дека климатските промени ја зголемија фреквенцијата на некои видови екстремни временски услови.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG