Достапни линкови

„Хахаха, промоција во Дубаи“ - вие коментирате


Попова Шапка - ски центар
Попова Шапка - ски центар

Најавата за инвестиција на Попова Шапка и протестот „Слобода за уставобранителите“ во фокусот на вашиот интерес на ФБ страницата на Слободна Европа.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при посетата на Тетово изјави дека кога посетувал странски држави се разговарало и за тој град и за Попова Шапка како економски потенцијали за инвестирање. А таква можност имало во Абу Даби. „Во лето голф, во зима скијање“, најави покрај другото Османи.

Тали Тода на нашата ФБ страница веднаш ги наредил недостатоците на Попова Шапка: „Ски-лифтот не работи, паркинг нема, контејнери за ѓубре нема, вода има и воздух гратис“. Анна Јакимова се смее: „Хахаха, промоција во Дубаи?! Ајде не се срамете!!! Нема стандард ни за пола ѕвездичка за таков маркетинг!“, а Сашко Стојановски со подбив: „Голф тројка?“ Исни Мустафи коментира: „Локалните избори ги приближуваат големите ветувања и реализацијата“.

Министерството за надворешни работи промовираше „МКарта“ против одлив на мозоци. А на веб-страницата на РСЕ е објавена рубриката „Слободоумни“, во која наши млади луѓе одговараат на прашањето зошто повеќе сакаат да заминат отколку да останат и во својата земја да ја градат кариерата и иднината. Инаку, РСМакедонија, според реномираното списание Економист, е на 8-то место во светот според одливот на мозоци. Ќамил Џафероски постирал многу кратко: „Со 150 евра Африканец не би живеел во МК“.

Неделното интервју на нашево Радио е со вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров.

Димитров - Едната страна на компромисот со Бугарија е да не се договориме за се
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:26 0:00

Тој покрај другото зборува и за македонско-бугарските односи. „Политичарите да си тераат политика, Комисијата да се занимава со историја“, вели покрај другото Димитров. Вердин Волчевски се согласува со вицепремиерот: „Тоа е точно и така треба да биде и така треба да се продолжи со преговори“.

Во Скопје, пред Собранието и пред Владата повторно се одржаа протести на кои се бараше „Слобода за Македонија, правда за уставобранителите“.

Протест во Скопје: Слобода за Македонија, правда за уставобранителите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Влоњат Харуни и Петар Богојески развиваат дебата на нашата ФБ страница во врска со целите на протестот. Харуни смета дека „тие бараат ослободување на терористите и се фатени на дело, а не како овие од Смилково што се фатени во домови, со докази што имаат пукано на свадба...“, коментира нашиот посетител, а Петар Богојески му одговара: „Нивните барања не се за осудените од 27 (април)... туку за да престане истрагата за 27... да не биде Грујо првообвинет! Тоа се политички протести вон контекст! Но граѓаните што наседнуваат на тие пораки не извикуваат никакви верски навредливи зборови!“ За на крај, и двајцата да се согласат – Влоњат Харуни: „Уште посрамно за Груевски, што сакам да ти кажам, дека овде функционира правдата како претседателот на партијата ќе ни каже“. Петар Богојески возвраќа: „За жал, така е! Во МК нема закон! Има само партии!“ За време на директниот пренос што го правеше РСЕ од протестот има и пофалби за нашево Радио од Јадранка Ангелеска и повеќе пораки со поддршка за протестантите и за Македонија, на пример од Иванка Џутеска Мишева, која напишала дека „не можам солзите да ги сопрам, мила, и најуба, наша Македонијо...“. Трајковски Далибор со друга перспектива: „Абе еднаш економски протест да направиме. 300.000 народ да згрми на ова пљачкосување“. За Вердин Волчевски протестите се „обична борба за власт, да се живее на грбот на народот, а закони да важат за обичните луѓе, а за тие околу главните ништо да не важи...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG