Достапни линкови

Годинашниот „Глобал Гејм Џем“ ќе се одржи онлајн


Постер за најава на 9-то издание на „Глобал гејм џем“
Постер за најава на 9-то издание на „Глобал гејм џем“

Веќе деветта година по ред, ќе се одржи четиридневниот маратон во правење игри, но овој пат ќе биде онлајн.

„Глобал Гејм Џем“, кој е четиридневен маратон во правење игри, ќе се реализира од 27-ми до 31-ви јануари. Маратонот се одржува деветта година по ред и ќе биде онлајн.

„Сите сте поканети! Гејм дизајнери, 2Д артисти, програмери и девелопери, саунд дизајнери, 3Д моделери, раскажувачи и писатели, мрчатори, ловци на багови, но и сите кои сакаат да да имаат било каква врска со игри! Сега немате оправдување за ескивација! Сите на едно место, без ограничување со локации, превоз и други логистички гличови!“, објавија организаторите Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА.

Тимовите кои ќе победат ќе добијат парични награди, и тоа прво место 300 евра, второ место 200 евра и трето место 100 евра. Дополнително со гејминг ваучер од 50 евра ќе бидат наградени и најдобриот аудио дизајн, 2Д артист, 3Д арт/модел и за технички подготвена игра.

„Глобал гејм џем“ е најголемиот глобален настан за развивање на игри. Се одржува еднаш годишно истовремено на голем број локации во вид на 48-часовен маратон на кој се креираат игри за секаков вид платформи. Како дел од

International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање.

Настанот е наменет за ентузијасти, студенти, средношколци и професионалци од различни сфери кои имаат интерес во областа на игри и креирање на игри. Девелопери, гејм дизајнери, 2Д артисти, 3Д моделери, саунд дизајнери, продуценти, експерти за монетизација и социјални медиуми. Ова е совршено место каде може да остварите нови контакти со сите профили од индустријата, да размените знаење и/или заедно да креирате игри.

XS
SM
MD
LG