Достапни линкови

Џонсон ќе го претстави британскиот пристап за Брегзит


Главниот преговарачи на Британија и на ЕУ за Брегзит Дејвид Фрост и Мишел Барние

Главниот британски преговарач за Брегзит Дејвид Фрост изјави дека е разочаран од заклучоците на Европската унија за состојбата со преговорите и најави дека премиерот Борис Џонсон денеска ќе го претстави својот пристап. Европската унија вчера и ја префрли одговорноста на Британија во врска со изнаоѓањето компромис за нивното ново економско партнерство.

Барние: Британија ги отфрла сите нови одложувања на Брегзит

„Разочаран сум од заклучоците на ЕУ за преговорите“, напиша Фрост на Твитер, додавајќи: „Изненадената ЕУ веќе не е посветена на интензивната работа за постигнување идно партнерство како што е договорено со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 3 октомври. Исто така сум изненаден од предлогот дека за да се постигне договор сите идни потези мора да доаѓаат од Британија. Тоа е невообичаен пристап кон водење преговори“.

Џонсон со обвинувања до ЕУ бара поддршка од Парламентот

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние пак изјави дека трговските преговори меѓу Брисел и Лондон ќе продолжат и по истекот на рокот. Барние најави дека неговиот тим ќе патува во Лондон следната недела на нови разговори. Џонсон го постави првиот ден на самитот на ЕУ како краен рок за постигнување трговски и безбедносен договор меѓу Лондон и Брисел како замена за членството на Британија во Унијата. Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари. Таканаречениот период на транзиција истекува на 1 јануари, поради што преговарачите мора брзо да работат за евентуален нов договор што ќе биде усвоен во парламентите пред крајот на годината.

XS
SM
MD
LG