Достапни линкови

Џонсон со обвинувања до ЕУ бара поддршка од Парламентот


Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го повика Парламентот да не и овозможи на ЕУ да ја разедини земјата и ги повика пратениците да го поддржат законот кој неговата Влада призна дека ќе го прекрши договорот за Брегзит.

„Она што не можеме да го сториме сега е да толерираме ситуација во која нашите колеги од ЕУ сериозно веруваат дека имаат моќ да ја разединат нашата земја“, рече Џонсон, обвинувајќи ја Унијата дека и се заканува на Велика Британија со блокада на храна и го опиша предлог-законот како опција со која земјата ќе биде обезбедена.

„Воопшто не уживаме во можноста да треба да ги користиме овие овластувања. Се надеваме многу дека ЕУ ќе биде разумна“, порача Џонсон.

Велика Британија се повлече од блокот на 31 јануари, завршувајќи го процесот по референдумот за Брегзит во јуни 2016 година. До 31 декември, кога е крај на периодот на транзиција државата мора да преговара со ЕУ и со другите партнери за обезбедување трговски договори и соработка.

XS
SM
MD
LG