Достапни линкови

Барние: Британија ги отфрла сите нови одложувања на Брегзит


Велика Британија ги отфрли сите нови одложувања по процесот на излез од Eвропската унија, соопшти главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, на брифинг по рунда онлајн преговори за Брегзит

„Владата на Велика Британија одби какво било одложување на конечното повлекување од европскиот пазар, кое е планирано за 31 декември 2020 година. Ова е датумот на економскиот Брегзит, односно крајот на преодниот период по политичкиот Брегзит, 1 февруари 2020 година“, изјави Барние.

Истовремено, тој, исто така, нагласи дека Велика Британија ја одолговлекува работата за подготовка на договор за идните односи со заедницата по преодниот рок за нејзино повлекување.

„Велика Британија го забавува процесот на преговори. Оваа недела одби да отвори конструктивни разговори за четирите клучни точки што се содржани во политичката декларација на Брисел и Лондон“, додаде Барние.

XS
SM
MD
LG