Достапни линкови

Трамп накратко изнесен од болницата за да ги поздрави своите приврзаници


Претседателот на САД, Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во неделата беше однесен накратко со автомобил од Воената болница во Вашингтон, каде што од петокот се лекува од ковид-19. Трамп беше пренесен на работ од болничкиот комплекс за да поздрави група свои приврзаници кои од петокот се таму. Претседателот со маска на лицето е снимен во црно возило како мавта. Трамп претходно на „Твитер“ објави дека ќе оствари „мала посета на изненадување ... на големите патриоти на улица“.

Трамп- се чувствувам многу подобро, се враќам наскоро

Состојбата на претседателот Доналд Трамп се подобрува откако заболе со ковид-19. Тој би можело да се врати во Белата куќа денеска, најавија лекарите кои ја следеа неговата здравствена состојба. „Состојбата на пациентот продолжува да се подобрува. Тој нема треска од петокот наутро, а неговите витални знаци се стабилни", изјави д-р Шон Дули од Националниот воено-медицински центар Валтер Рид. Трамп во саботата објави четириминутно видео во кое рече дека „вистинскиот тест“ на неговата состојба ќе дојде во следните неколку дена. „Во наредниот период од неколку дена, претпоставувам дека тоа е вистинскиот тест, така што ќе видиме што ќе се случи во наредните неколку дена“, рече Трамп на видеото.

Трамп во болница, коронавирусот се шири во Републиканската партија

Болеста на Трамп ја попречи кампањата пред претседателските избори во ноември и го насочи центарот на вниманието врз начинот на кој претседателот се справува со пандемијата.

XS
SM
MD
LG