Достапни линкови

Трамп- се чувствувам многу подобро, се враќам наскоро


Архивска фотографија- американскиот претседател Доналд Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, кој е позитивен на ковид19 и е на лекување во воената болница, вели дека се чуствува многу подобро и дека се надева дека наскоро ќе се врати за да ја доврши кампањата за претседателските избори што ќе се одржат на трети ноември.

Во четири минутниот видео пост на Твитер, објавен вчера, Трамп вели дека следните неколку дена ќе бидат вистински тест и им се заблагодари на сите во Соединетите Американски Држави и низ светот за поддршката што му ја даваат.

„Ќе го победиме овој коронавирус“ рече Трамп во пораката полна со оптимизам за ефектите од лекувањето на вирусот, а третманите што следуваат ги нарече „чуда кои доаѓаат од Бог“.

Трамп, кој прима ремдесивир и терапија со антитела, може да подолжи да работи од претседателскиот болнички апартмант кој е опремен за да се овозможи да ги извршува претседателски обврски, соопшти Белата куќа. Ремдесивир и терапијата со антитела се прима интравезно и треба да доведе до намалување на интензитетот и долготрајноста на болеста и се очекува тој да прима терапијата пет дена.

Претходно докторите дадоа розова проценка за неговото здравје наведувајќи дека тој е во исклучително добро расположение без температура и потешкотии во дишењето, но, член на неговиот кабинет рече дека следните два дена ќе бидат клучни за 74 годишниот Трамп.

XS
SM
MD
LG