Достапни линкови

Трамп во болница, коронавирусот се шири во Републиканската партија


Претседателот Трамп ќе ги помине следните неколку денови во Валтер Рид националниот воен медицински центар во Мериленд

Американскиот претседател Доналд Трамп е пренесен во воена билница надвор од Вашингтон да прими терапија против коронавирусот, додека ширењето на вирусот во Републиканската партија ги поткопа обидите брзо да се пополни испразнетото место во Врховниот суд и нанесува удар врз претседателската изборна кампања.

Вирусот се шири во кругот блиски луѓе на Трамп што ги зголеми грижите дека може да дојде до поголемо заразување и во високите владини ешалони. Републиканските сенатори Том Тилис од Северна Каролина и Мајк Ли од Јута се позитивни на вирусот и ќе треба да бидат во карантин десет дена. Двајцата присуствуваа на церемонијата за номинација на Ејми Кони Барет за врховен судија што се одржа на 26 септември во Белата куќа. Тие потоа учествуваа и во работата на Сенатот и се сретнаа со Барет претходно неделата што ги зголеми стравувањата дека меѓусебно се инфицирале. Вчера Барет беше негативна на коронавирусот, а како што се јавува таа била позитивна летово.

Покрај Трамп и неговата сопруга Меланија и други кои ја следеа церемонијата за номинацијата за судијка во Врховниот суд се позитивни на коронавирусот. Меѓу нив се и Рона Мек Даниел, претседавач со Републиканскиот национален комитет, претседателот на Универзитетот Нотр Дам Џон Џенкинс и Келиан Конвеј, советничка на претседателот Трамп и портпаролка на Белата куќа.

Бројот на позитивни случаи од оние кои присуствуваа на церемонијата за номинација ги поттикна гласините дека на настанот се проширил коронавирусот. Многу од гостите не носеа маски и не ја почитуваа препораката за физичка дистанца.

XS
SM
MD
LG