Достапни линкови

ЕУ со санкции за околу 40 лица од Белорусија


претседателката на Европската комисија, Урсала фон дер Лајен, Брисел, 01.10.2020.

Лидерите на ЕУ се согласија за планот за воведување санкции на околу 40 лица во Белорусија, одговорни за измама на претседателските избори во август и за брутална акција против демонстрантите. По разговорите на самитот што се протегаа во раните утрински часови на 2 октомври, лидерите на ЕУ го надминаа надминат дипломатскиот ќор-сокак создаден од Кипар и се согласија за одложен пакет санкции за Белорусија. „Одлучивме денеска да ги спроведеме санкциите“, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел по претседавањето со самитот во Брисел. Тој додаде дека денеска ќе започне посебна постапка за санкционирање на околу 40 претставници на Белорусија со замрзнување на нивните средства и забрани за патување.

Белорусија го обвини Западот за создавање хаос и анархија

Александар Лукашенко, кој тврди дека победи со огромно мнозинство на претседателските избори на 9 август, не се наоѓа на списокот со санкции. Дипломатите на ЕУ рекоа дека тој може да биде додаден подоцна. Британија и Канада веќе санкционираа претставници на Белорусија, вклучително и Лукашенко. ЕУ го отфрли резултатот од изборите со кои Лукашенко доби шести мандат и ја осуди репресијата врз демонстрантите и опозицијата. „Нема да има неказнивост за оние кои се одговорни за насилството врз демонстрантите и опозициските политичари“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсала фон дер Лајен.

Кипар очекува поддршка од ЕУ во спорот со Турција

Мишел рече дека е важно да се покаже дека ЕУ останува „веродостојна“, откако малиот Кипар ги блокираше санкциите во Белорусија поради посебниот спор со Турција за поморските граници и енергетските ресурси на источниот Медитеран, што исто така предизвика бес кај Грција. Кипар бараше конзистентно дејствување на ЕУ и побара санкции за Турција. За да се надмине непријатниот дипломатски спор со Кипар, лидерите на ЕУ се согласија на силна изјава за поддршка на Кипар, како и на Грција и предупредување дека Турција може да се соочи со санкции доколку продолжи со дупчење во спорните води.

XS
SM
MD
LG