Достапни линкови

Во Тирана, заедничка седница на владите на Косово и Албанија


илустрација

Владите на Албанија и на Косово денеска ќе одржат заеднички состанок во Тирана, потпишувајќи 14 договори и меморандуми за соработка. Во соопштението на албанската влада, како што пренесуваат приштинските медиуми, е најавено дека состанокот ќе се одржи на 2 октомври во „Конгресната палата“. За време на состанокот, премиерите Еди Рама и Авдулах Хоти ќе потпишат Заедничка изјава на двете влади во која им се препорачува на Собранието на Косово и Собранието на Албанија да го надгледуваат спроведувањето на договорите потпишани меѓу двете влади.

Дали преку економски може да се дојде и до политички договор меѓу Србија и Косово?

Како што претходно беше најавено од Владата на Косово, на состанокот ќе бидат потпишани уште 14 други договори и меморандуми, вклучително и дополнителен протокол на Договорот за здравствена соработка меѓу министерствата на двете земји за надминување на ковид-19. Меѓу документите што треба да ги потпишат претставници на двете влади се и Договорот меѓу Владата на Косово и Советот на министри на Албанија за избегнување на двојно оданочување во однос на даноците на приходите и капиталот и за спречување на фискално затајување, како и Договорот меѓу Министерството за надворешни работи и дијаспората. на Албанија за формирање на Работна група за основање на заеднички фонд на долината Прешево.

Косовската Влада ќе основа Канцеларија за Прешевската долина

Заедничкиот состанок на 2 октомври ќе биде шести заеднички состанок на двете влади.

XS
SM
MD
LG