Достапни линкови

Тачи ќе му додели Орден на слободата на Трамп


Претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи ќе му додели на американскиот претседател Доналд Трамп Орден на слободата, највисоката награда на Косово, за неговата улога во постигнувањето договор меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските односи. Во писмото до кое имал пристап Ројтерс, косовскиот претседател Хашим Тачи го информирал Трамп за орденот.

Србија и Косово се договорија за економска нормализација на односите

Во писмото, Тачи изразува „длабока благодарност до Трамп за неговиот личен придонес во постигнувањето договор“ и го покани да го посети Косово. Советникот за национална безбедност на САД Роберт О’Брајан и специјалниот пратеник на Трамп за преговори меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, ќе добијат претседателски медали за заслуги. Гренел ја сподели веста на Твитер и му честиташе на Трамп за одликувањето.

Вучиќ: Усогласени неколку прашања, најтешкото допрва доаѓа

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ветија дека ќе ги нормализираат економските односи на 4 септември во Белата куќа. Во присуство на Трамп, секој потпиша своја копија на документот наречен „Економска нормализација“. Верзиите на документот се разликуваат само во последната од 16-те точки.

XS
SM
MD
LG