Достапни линкови

Вучиќ: Усогласени неколку прашања, најтешкото допрва доаѓа


Александар Вучиќ

По Вашингтон, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска во Брисел одржаа нова средба за нормализирање на односите меѓу двете држави под покровителство на ЕУ, со високиот преставник на ЕУ Жозеп Борел и специјалниот посредник Мирослав Лајчак. Вучиќ изјави дека на состанокот била постигната „суштинска согласност“ за три теми: исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата, а била отворена и темата за Заедницата на српски општини.

„На масата на дневен ред доаѓаат најважните и најтешките прашања, за кои имаме потполно различни ставови, така што ќе биде комплицирано и тешко. Очекувам да се разговара за економскиот план за закрепнување на Западен Балкан и очекувам поддршка од ЕУ, во наредните месец дена, да видиме колку од инфраструктурните проекти може да добиеме, изјави Вучиќ.

Тој најави и дека веднаш по формирањето на новата Влада на Србија, сите што учествувале во преговорите со Косово, ќе го известат Собранието на Србија за тој процес.

Вучиќ и Хоти на разговори во Брисел

Захарова му се извини на Вучиќ по разговорот со Лавров

Пред денешниата средба, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиерот, Авдулах Хоти, го увериле министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, дека даваат најголем приоритет на евроинтеграциите и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, соопштија од Европската служба за надворешни работи.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ по повеќегодишен застој, обновен е во јули годинава. Пред средбата во Брисел, Србија и Косово во Вашингтон, во присуство на американскиот претседател пред Доналд Трамп потпишаа договори за нормализација на економските односи.

XS
SM
MD
LG