Достапни линкови

Спасени 300 Рохинџа бегалци по 6 месеци на отворено море


Илустрација

По шест месеци на отворено море во дрвен брод, локалните власти во Индонезија спасија 300 бегалци од муслиманскиот народ Рохинџа, јави денеска новинската агенција Ројтерс.

Дрвениот брод со бегалците бил забележан од локални рибари на неколку километри од брегот на Локсеумава, а спасувачката акција завршила кога мигрантите биле извлечени на копно во близина на местото Ујунг Бланга.

„Од 297 бегалци, 181 се жени, а 14 се деца“, изјавил за Ројтерс, шефот на локалната полиција и додал дека едно 14-годишно момче било веднаш упатено во локалната амбуланта поради лошата здравствена состојба.

Муслиманското малцинство Рохинџа е на удар на бруталната кампања на армијата во државата Ракине во Мјанмар, поради што над 700 илјади Рохинџа избегаа од државата, најголемиот дел во соседниот Бангладеш.

XS
SM
MD
LG