Достапни линкови

Во аптеките снема апчиња за смирување - вие коментирате


Илустрација
Илустрација

„Ако не тргнат на училиште, родителите ќе се иселат од куќите – становите. Оти во аптеките снема апчиња за смирување, сите ги изнакупиле само родители и наставници“, гласи еден од вашите коментари на нашата Фејсбук страница

Новата Влада предложена од мандатарот, Зоран Заев, синоќа, нешто пред полноќ беше избрана, а во дводневната дебата опозициските пратеници рекоа дека не веруваат оти со предложената владина програма ќе се направат потребните реформи во државата, особено во образованието. Засега има само еден ваш коментар, почитувани. Ставре Караниколов забележува: „Опозицијата ништо не кажа за Владината програма“.

Сојузот на средношколци најави дека тие ќе бидат офлајн, ако се остане на одлуката за целосно онлајн настава. Данчо Ангеловски постирал: „... ако не тргнат на училиште, родителите ќе се иселат од куќите – становите. Оти во аптеките снема апчиња за смирување, сите ги изнакупиле само родители и наставници“, а Игор Манасиевски забележува што името на Сојузот на средношколци на нашата ФБ страница е објавено и на албански јазик, а во неговиот пост има призвук на закана. „Гледам македонскиот јазик е веќе втор голем срам за вас и сите што нѐ погазуваат како Македонци, само ќе дојде денот“. За тоа кој е првиот срам на РСЕ не кажува ништо.

Видео - Лекции од средношколците за наставата:

Лекции од средношколците за наставата
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:29 0:00

Средношколецот и активист и претседател на Сојузот на средношколци, тетовецот Бленди Ходаи, добива пораки со говор на омраза, на што реагира и Хелсиншкиот комитет. „Изминативе години Комитетот регистрира загрижувачка тенденција на раст на делата од омраза во земјава, при што најголемиот дел и од жртвите и од сторителите на вакви дела се млади луѓе, а најчестата причина за насилни инциденти меѓу младите е етничката припадност“, стои во реакцијата на Хелсиншки комитет. И зад оваа информација нема ниту еден коментар.

Но затоа посетителите на нашата ФБ страница реагираат околу поместувањето на датумот на почеток на школската година, бројката на заболени од корона вирусот и евентуалните вакцини против него. Има граѓани кои и натаму не веруваат дека постои Ковид-19 и се плашат „под превезот на ʼзаштита на здравјетоʻ да не ги испратиме своите деца во училишта со логорски систем...“, напишал Славчо Мушкарски, наведувајќи ги предвидените протоколи за одење на училиште за децата од прво до трето одделение. Вели дека „поради невидената медиумска пропаганда изгледа ќе прифатиме сѐ, само да сме ʼбезбедниʻ од вирусот“.

За редовниот Драги Арабаџиев состојбата со вирусот е, цитирам, „Најочито владеење над народот без зрно барут“, а за Ване Роки „Сѐ е лажно за непостоечки вирус, само измислена пропаганда да ве припремат за вакцина од сатанистичко потекло, смртоносна и за чипирање“. Душанка Еленовска реагира на мислењето за пропаганда: „Каква пропаганда? Чија?! Па слепи ли сте бе луѓе?“ И Станка Митревска има слична реакција: „Страшно, каква пропаганда, само кај нас ли е пропаганда. Нели гледате цел свет е во таква ситуација. Сите носат некои мерки и никој не е сигурен што ќе биде понатаму“. Потоа наведува дека нејзиниот син е фармацевт и живее во Милано „и сѐ што таму се случуваше го доживував со нив“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG