Достапни линкови

Турскиот брод ја започна потрагата по нафта и гас во источен Медитеран


грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Турскиот брод за истражување на нафта и гас „Оруч Рејс“ започна со пребарување на тие ресурси во спорните области на источниот Медитеран, изјави турскиот министер за енергија. Најавата на Анкара дека ќе започне со истражување доведе до зголемување на тензиите меѓу Грција и Турција, членки на НАТО, но и регионални ривали, за правото на пребарување на нафта и гас на Медитеранот. Бродот истражува на подрачјето за кое Грција тврди дека се преклопува со нејзиниот континентален појас и бара негово повлекување.

Атина бара бродот Оруч Рејс да излезе од грчкиот континентален гребен

И грчки и турски воени бродови го следат „Оруч Рејс“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните во врска со последните случувања во односите со Турција изјави дека „ниту една провокација нема да остане без одговор“. Тој рече дека Грција е подготвена за дијалог, но не прифаќа „дијалог со провокации и во тензична клима“. Според него,„милитаризирањето на Турција претставува признавање на непостоењето на силни правни позиции“ и додава дека на распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата флота, но и „поставувајќи ги во готовност вооружените сили“.

Турски воени бродови во борбена готовност кај Анталија

Тој се осврна и врз дипломатските активности на земјата, односно како што рече, ги информирал пријателските земји и меѓународната јавност, додавајќи дека Грција не е сама во напорите, а како пример го спомена вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

XS
SM
MD
LG