Достапни линкови

Атина бара бродот Оруч Рејс да излезе од грчкиот континентален гребен


Илустрација

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ доцна синоќа го промени правецот и плови североисточно, без да е познато дали се враќа кон пристаништето во Анталија, но според грчките медиуми, и понатаму се наоѓа во морскиот дел за кој Грција смета дека е нејзин континентален гребен, јави МИА од Атина.

Медиумите во Грција објавуваат дека турскиот брод воопшто не започнал со истражувањата, веројатно поради бучавата од воените бродови од двете земји. Дополнително, коментираат дека „Оруч Рејс“, континуирано го следат бродови на грчката воена морнарица.

Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос синоќа одржа состанок на Советот за одбрана на кој присуствуваа началниците на Генералштабот на армијата, на воената морнарица, на военото воздухопловство зада се оцени ситуацијата во поширокиот регион.

XS
SM
MD
LG