Достапни линкови

Нереди во Бејрут по силната експлозија која однесе 149 животи


Бејрут

Безбедносните сили во Бејрут растераа десетици демонстранти кои го изразија својот гнев поради смртоносната експлозија на пристаништето во Бејрут, во која животот го загубија најмалку 149 лица, додека над 5.000 беа повредени, а околу 300.000 останаа без своите домови. Државните медиуми објавија доцна на 6 август дека безбедносните сили користеле солзавец во центарот на Бејрут за да ги растераат демонстрантите откако почнале да фрлаат камења кон безбедносните сили. Некои од демонстрантите биле ранети, соопшти државната Национална новинска агенција.

Шефот на либанската царина: владата беше предупредена за опасните хемикалии

Демонстрантите го започнаа својот протест за време на вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон, за да го искажат својот гнев кон „терористичкото“ раководство во земјата. Луѓето извикуваа „револуција“ и „оставка“. Либанските власти соопштија дека претходно уапсиле 16 лица во истрагата за експлозијата.

XS
SM
MD
LG