Достапни линкови

Шефот на либанската царина: владата беше предупредена за опасните хемикалии


оштетени згради по експлозијата во Бејрут

Шефот на либанската царинска служба Бадри Дахер изјави дека Владата била известена во минатата година за опасностите од експлозивните хемикалии складирани во пристаништето во Бејрут. Тој потврди дека испратил писмо и во 2017 година, предупредувајќи за „опасноста ако материјалот остане таму каде што е, дека има влијание врз безбедноста на вработените во пристаништето“. Шефот на царината рече дека тој и неговиот претходник испратиле вкупно шест вакви писма, и тие не добиле одговор на ниту едно од нив.

Либанските власти дадоа рок од четири дена да се утврди одговорност за експлозијата во Бејрут

Катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут што се случи во вторникот е предизвикана, како што се верува, од случајниот пожар што ги зафатил магацините со екстремно експлозивен нитрат на амониум, при што загинаа 137 и беа повредени повеќе од 5.000 луѓе. За време на вчерашната посета на Бејрут, претседателот на Франција Емануел Макрон оцени дека либанските власти „им должат на жртвите и на нивните семејства транспарентна истрага“.

XS
SM
MD
LG