Достапни линкови

За Универзална сала треба референдум, смета Шилегов


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на денешниот брифинг со новинари, понуди три опции за решавање на случајот со скопската Универзална сала, чие (не)уривање предизвика многу реакции во јавноста. Дел од архитектите, опозицијата и дел од граѓаните се спротивставија на евентуално уривање на Универзалната сала.

Денеска Шилегов рече дека се работи за неколку можни решенија - Изградба на нова Универзална сала на истата локација, изградба на нова локација или реконструкција на сегашниот објект на Универзална сала.

Шилегов додаде и дека, според него, за решавање на ова прашање треба да се одлучи на Референдум, а одлуката да ја донесат граѓаните.

Град Скопје пред неколку дена објави конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“ на местото на кое сега се наоѓа салата. Во меѓувреме, градските власти ќе отворат дебата каде треба да се гради новата Универзална сала. Одлуката, сепак, не е конечна. На крај може да се одлучи да нема парк, да се реконструира постојниот објект, да се гради нова сала на место на старата или да се гради нова на сосема нова локација.

XS
SM
MD
LG