Достапни линкови

Аџилак со ограничен број верници во Мека поради коронавирусот


Муслиманските верници избрани за аџилак денеска го завршуваат карантинот, а утре заминуваат на местото за аџилак во Мека. На аџилакот ќе присуствуваат меѓу една и 10 илјади верници, соопштија саудиските власти. Обично на годишното верско собирање има околу 2,5 милиони верници. Властите наведоа дека годинашна грижа им е заштита на верниците од коронавирусот.

Верниците претходно беа прегледани и ставени во карантин. Нивниот багаж е дезинфициран, а некои верници рекле дека добиле електронски нараквици за да се следи нивното движење.

На странските новинари оваа година не им беше овозможено да го следат аџилакот, кој инаку привлекува големо медиумски внимание. Саудиските власти најавија дека ќе има 1000 верници, но локалните медиуми јавуваат дека ќе има 10 илјади. Аџилакот во Мека е еден од петте столба на исламот. Секој муслиман, според верските закони, е должен барем еднаш во животот на отиде на аџилак.

XS
SM
MD
LG