Достапни линкови

Казнета Клиника оти мешала медицински со комунален отпад


Блинков - Недостигаат инспектори за природа и за водостопанство
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:30 0:00

Блинков - Недостигаат инспектори за природа и за водостопанство

Во акција на Европол со македонските власти казнета е Клиника во комплексот Државна болница за мешање на медицински и комунален отпад, вели Дарко Блинков, раководител на секторот за поддршка, аналитика и меѓународна соработка при Државниот инспекторат за животна средина. Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа зборува и за капацитетите за справување со загадувањето, за еколошките дозволи, за тоа колку казни изрекле минатите години.

Колку казни се изречени во оваа и во изминатата година и колку тоа изнесува во глоби или во времено затворање на одредени компании?

Од статистиката за изминатите 2019, 2018 и 2017 година има некаде вкупно 179 прекршочни постапки, тука се и платните налози, кои се помали глоби, вкупно се изречени за сите три години. Кривични пријави за овие три години има осум. Акти за инспекциска работа за минатите годни има некаде околу 700. Во годишниот план за оваа година се планирани 1983 надзори, меѓутоа поради пандемијата во март и во април имавме намалување на овие надзори, затоа што во најголем дел од индустријата, околу 50-60 отсто, беше затворена, се работеше во услови на пандемија. Сега можам да кажам колку-толку се стабилизираа надзорите, меѓутоа се уште има некои компании, индустрии затворени, со тоа што сега се прави, согласно Законот за инспекциски надзор, шестмесечниот извештај, и да речеме од планирани 170 надзори на месечно ниво сигурно ќе има од 10 до 20 отсто отстапување, меѓутоа се уште ги немаме сумирано казните. Интересно е да се каже дека во моментов Инспекторатот е вклучен во акција на Европол, се нарекува ретровирус, за медицинскиот отпад. Јас сум контакт-лице, заедно до Царинската управа и eдиницата Европол при нашето Министерство за внатрешни работи и Државниот санитарен-здравствен инспекторат, веќе имаме изречено една казна на една Клиника во комплексот Државна болница за мешање на медицински и комунален отпад. Тоа е платен налог од 4000 евра и ќе го решава Комисијата за прекршоци. Оваа акција трае до 15 септември.

Државниот завод за ревизија во еден од последните извештаи за животната средина укажа дека институциите и на централно и на локално ниво немаат капацитети за решавање на проблемот со загадување на воздухот во однос на кадар и финансии. Каква е вашата оценка, има ли Државниот инспекторат за животна средина доволно ресурси и стручен кадат за успешна да ја обавува својата работа?

Токму така, тоа е до сега единствениот во меѓународен контекст извештај, тоа се однесува на квалитет на воздухот, каде што аудитори (ревизори) од Полска и од Холандија вршеа надзор на сите релевантни институции и јас лично сум учествувал во преку петнаесетина ревизии од Државниот завод да ревизија, вклучително и оваа. Можам да кажам дека сите државни институции, вклучително и Државниот инспекторат за животна средина направија функционална анализа, тоа е основата, врз основа на број на предмети, обем на работа, и секако ние се базираме и на европски искуства, бидејќи ние сме влезени од мај 2006, јас сум и национален координатор во последните десет години, во мрежата на Инспекторати за животна средина на ЕУ, тука се и земјите со кандидатски статус.

Во моментов имаме 18 инспектори поделени во три области – животна средина, води и природа. Неодамна една анализа беше правена од страна на НВО Инфо центар и многу е битно оваа година се навршуваат 15 години од децентрализацијата. Од 1 септември 2005 почна децентрализацијата и во животна средина, мислам дека треба да бидеме самокритични дека отидовме во многу лоша децентрализација во делот на инспекцискиот надзор животна средина на централно и на локално ниво. Ако во 2005 не знаевме како е, па дадовме голем дел од ингеренциите врз основа на тој регулаторен циклус, врз основа на поделени надлежности на А, Б дозволи, елаборати што ги издаваат општините, во Град Скопје, сега веќе знаеме, имаме генерално поразителни активности, така што наредната влада може со мирна совест да ги укине локалните инспектори за животна средина и да имаме единствен систем за животна средина. Затоа што најголеми проблем овие 15 години имаме во градежништвото, комуналната сфера. Да се вратам на вашето прашање – имаме нова систематизација одобрена од Министерството за информатичко општество и администрација, до 50 работни места, моментално има само 22, отприлика околу 50 отсто пополнетост, меѓутоа во делот на животна средина, квалитет на воздух, како што е овој ревизорски извештај, има доволно капацитети, ни фалат за природа и за водостопанство.

Медицинскиот отпад не треба да се меша со комуналниот

Како инспектори се соочувате ли со некакви притисоци од страна на бизнис и политички кругови во однос на вршењето на вашата работа?

Да кажам лично за мене, додека бев инспектор 13 години бев инспектор не сум имала никаков проблем. Сум сменил 15 министри, исто толку заменици министри, државни секретари, 8-9 директори, јас лично не сум имал никаков проблем ниту од индустрија, ниту од бизнис заедница. Генерално како Инспекторат не сме имале евидентирано некои такви информации. Имало непријатности при инспекциски надзор. Посебно се сензитивни каде што е управувањето со отпад, овие малите складови за отпад, имаат - немаат дозволи, посебно локалните инспектори имаат голем проблем кај ѓубришта, чистење на површина, често пати палење на ѓубре на јавни површини, крадење на инфраструктура, од тој аспект, инаку до големата индустрија каде што сме вршеле надзор секаде сме наидувале на отворена врата и јас не се сеќавам дека сме имале некој таков притисок да некој ни затворил врата, не не пуштил да вршиме надзор.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG