Достапни линкови

Почна судењето на Панчевски, се проверува дали му е одземен имунитетот


Архивска фотографија - Поранешниот претседател Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски со поранешниот државен обвинител Марко Зврлевски

Во Велешкиот суд денеска почна судењето на поранешниот претседател Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Веднаш по почетокот на рочиштето, адвокати побараа од судечкиот совет да му се укине притворот, бидејќи, како што велат, Панчевски има имунитет, по што судијката Валентина Ѓеоргиева даде пауза за да се провери дали му е одземен имунитетот.

Панчевски се товари за злоупотреби на АКМИС системот. На последното рочиште на 10 јули, откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. После пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

XS
SM
MD
LG