Достапни линкови

Владимир Панчевски сам се пријавил во притвор во Шуто Оризари


Владимир Панчевски

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски, од денеска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје познат како Шутка, потврдил за МИА директорот на затворот Есад Рахиќ.

Панчевски денеска во 12 часот самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако е утврдено дека нема никакви симптоми на Ковид-19, е примен во притворското одделение.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, а против него, како што соопшти вчера министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, била распишана потерница.

Скопската полиција претходно во три наврати не успеа да го пронајде обвинетиот на неговата адреса.

Судот во Велес во петокот му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, поради неприсуство на рочиштето за предметот АКМИС. На рочиштето не бил прусутен ниту неговиот бранител.

XS
SM
MD
LG