Достапни линкови

Во Брисел состанок во рамки на дијалогот Белград- Приштина


Брисел- Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина

Во Брисел денеска се одржа заеднички состанок на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак и претставниците на двете страни, Марко Ѓуриќ и Скендер Хисени. Заедничкиот состанок со претставниците на Србија и Косово, Лајчак го одржа откако прво имаше одвоени разговори со секоја делегација.

Хисени по состанокот рече дека се работи за финалната фаза на преговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија кои водат кон постигнување легално обврзувачка спогодба.

"Ова е нов момент. Зборувам за еден заклучок. Ова е екстремно политички процес, нема ништо техничко. И еден ден, кога ќе се договорат сите елементи на севкупната спогодба ќе биде јасно дека се работи за елементи на една спогодба со која ќе се подреди се останато“, рече Хисени.

Инаку дијалогот меѓу Белград и Приштина е обновен по 20 месеци застој. Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдула Хоти одржаа онлајн состанок на 12 јули со што ја одбележаа обновата на дијалогот. Четири дена подоцна, на 16 јули, двајцата имаа и директен состанок во Брисел.

XS
SM
MD
LG