Достапни линкови

Нови 163 корона позитивни, 8 починати и 230 оздравени


Илустрација - Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, осум починати и 230 оздравени лица, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Новозаразените се регистрирани во Скопје 87, Куманово 7, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 8, Охрид 1, Кавадарци 1, Демир Хисар 1, Гостивар 8, Струмица 1, Кратово 1, Свети Николе 9, Кичево 3 и во Ресен 5. Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово. Институтот за јавно здравје регистрира и 230 оздравени лица“, објави Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

XS
SM
MD
LG