Достапни линкови

Од починатите од коронавирус 82% биле хронично болни


Илустрација - Возила на брза помош во Клинички центар Скопје

Во периодот 29 јуни до 5 јули регистрирани се 46 смртни случаи од Ковид-19, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем број од случаите се лица на возраст над 60 години (67,4 отсто). Кај 38 од починатите (82,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети, објави денеска Институтот за јавно здравје во својот редовен извештај.

Според извештајот, за посочениот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4 отсто, што претставува намалување за четири отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.

XS
SM
MD
LG