Достапни линкови

Мела: Во Дебар не се почитуваат мерките, кластерите без контрола


Раководителот на Единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиолог Ментор Мела

Во последните 8 дена, во Дебар се регистрирани 30 новозаболени од Ковид-19, додека пак бројот на пациенти кои се јавуваат со симптоми на коронавирусот е многу поголем. Влошувањето на епидемилошката состојба во градот е поради непочитување на мерките за заштита, изјави за Радио Слободна Европа, раководителот на Единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиологот Ментор Мела.

Според него, во наредните денови може да се очекува зголемување на бројот на болни. Тој информира дека бројот на лицата во изолација е над 70.

„Немаме контрола на кластерите“, вели Мела.

Директорот на дебарската болница, Баки Алили, за РСЕ изјави дека поради зголемениот број на болни од Ковид-19, сега на располагање се две посебни простории за позитивните случаи, каде добиваат терапија, како и една просторија во болницата за лицата со симптоми.

„Очекуваме да пристигне специјален шатор од Црвен Крст со десет кревети кои се битни во овие моменти“, додава Алили.

На дебарската болница ѝ недостигаат инфектолот и пулмолог. Од Ковид 19 до сега во општина Дебар се заболени над 110 луѓе, меѓу кои има и вработени во повеќе јавни институции.

XS
SM
MD
LG