Достапни линкови

Состојбата со КОВИД-19 во САД не е добра, а Индија ја надмина Русија


САД - раст на бројот на нови случаи на коронавирус
САД - раст на бројот на нови случаи на коронавирус

Главниот одговорен во борбата против заразни болести во Соединетите држави Ентони Фаучи изјави дека состојбата со коронавирус во земјата „навистина не е добра“, поради порастот на нови случаи. Во исто време, Индија ја надмина Русија според бројот на заразени од ковид-19. На второ место е Бразил.

Доктор Ентони Фаучи оцени дека САД се заглавени „до колена“ во првиот бран на вирусот затоа што, за разлика од Европа и делови од Азија, никогаш немале контрола врз епидемијата, а државите многу брзо повторно ги отворија своите економии.

Претседателот на САД Доналд Трамп и доктор Ентони Фаучи
Претседателот на САД Доналд Трамп и доктор Ентони Фаучи

Претседателот Доналд Трамп ја минимизираше заразата и повика повторно да се отворат државните економии, дури и кога случаите со коронавирус на национално ниво се над 3 милиони, а над 130.000 починале.

Трамп на Денот на независноста со пофалби за справувањето со коронавирусот

Кривата на инфекција се зголемува во 39 од 50те американски држави, додека просечниот седумдневен број на нови случаи е околу 50.000, што е повеќе од двојно од пред еден месец.

Ова предизвика неколку држави да ги вратат назад рестрикциите - вклучително и Калифорнија, Тексас и Флорида – што пак се оценува како нов удар врз надежите за заживување на економијата.

САД - плексиглас на касите во продавниците како заштита од коронавирусот
САД - плексиглас на касите во продавниците како заштита од коронавирусот

Поголемиот дел на Мајами во Флорида стана најново американско жариште на коронавирусот, што предизвика затворање на сите ресторани само неколку недели откако им беше дозволено повторно да се отворат во оваа туристичка дестинација.

Флорида е меѓу дваесетте држави кои известуваат за висок процент на позитивни тестови за ковид-19, мерка што се користи за проценка на нивото на пренесување на заедницата.

СЗО: Земјите со сериозни епидемии на коронавирус да се разбудат

Хоспитализациите исто така се зголемуваат во Аризона, Флорида, Тексас и Калифорнија.

Сепак, и покрај зголемените случаи, вирусот убива помалку луѓе во споредба со април и мај, кога имало дури 3.000 смртни случаи на ден.

Бројот на смртни случаи на национално ниво е околу 600. Здравствените експерти велат дека пониската стапка на смртност може да се припише на подобар третман и разбирање на вирусот.

Австралија ги враќа мерките

По Соединетите држави, Бразил е најтешко погодената земја со 65.487 смртни случаи и 1,6 милиони потврдени случаи.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро меѓу неговите поддржувачи
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро меѓу неговите поддржувачи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека повторно бил тестиран, откако неколку локални медиуми објавија дека доживува симптоми на вирусот.

Популистичкиот лидер го минимизира вирусот со тоа што не носи маска во јавноста.

Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?

Индија продолжува да бележи постојан раст на нови инфекции, надминувајќи ја Русија и е трета земја во светот со најголем број случаи скоро 700.000.

Во Индија имало 20,000 смртни случаи.

Во Австралија пак, втората најнаселена држава Викторија повторно ќе наметне ограничувања во Мелбурн по рекордниот дневен пораст на инфекции со коронавирус.

Австралија - автомобили пред центар за тестирање од ковид-19
Австралија - автомобили пред центар за тестирање од ковид-19

Премиерот на државата Даниел Ендрјус изјави дека заклучувањето ќе започне на полноќ на 8 јули и ќе биде на сила шест недели.

Најавата доаѓа откако Викторија објави 191 нови случаи, најмногу од почетокот на епидемијата.

СЗО: ризикот од повторен пик на коронавирусот во Европа e „реалност“

Австралија има регистрирано околу 8.500 случаи вкупно и 106 смртни случаи.

Пандемијата досега предизвика смрт кај 538.000 луѓе ширум светот. Над 11,6 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG