Достапни линкови

Во Турција почнува судењето за убиството на новинарот Кашоги


Илустрација - Фотографија од помен за убиениот новинар Џамал Кашоги

Во Истанбул денеска почнува судски процес во отсуство на дваесетмината Саудијци, кои се обвинети за вмешаност во убиството на саудискиот дисидент и новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година, пренсе АП.

Според обвинението, Ахмед ал-Асири, поранешен заменик шеф на саудиската разузнавачка служба, и Сауд ал-Кахтани, поранешен советник на престолонаследникот Мохамад бин Салман, се обвинети за „поттикнување планирано убиство со монструозна намера“. Уште 18 лица се обвинети за убиство со „монструозна намера и тортура“.

Обвинителството бара тешка доживотна казна затвор за сите обвинети, односно најголема можна казна во Турција од укинувањето на смртната казна во 2002 година. Сведок на обвинителството ќе биде и свршеничката на убиениот новинар, Хатиџе Ченгиз, која на денот на убиството го чекала Кашоги пред конзулатот. Исто така, ќе сведочи и Агнес Каламард, специјална известувачка на ОН за вонсудски егзекуции, која ја истражувала смртта на Кашоги.

Ријад во декември минатата година во таен судски процес осуди пет лица на смртна казна поради убиството на Кашоги.

XS
SM
MD
LG