Достапни линкови

Пет смртни казни за убиството на Кашоги


Џамал Кашоги.

Обвинителството во Саудиска Арабија соопшти дека пет луѓе се осудени на смртна казна за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. За случајот Кашоги уште тројца луѓе се осудени на казна затвор од вкупно 24 години.

Кашоги кој живеше во САД и беше колумнист на „Вашингтон пост“, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Случајот предизвика меѓународна осуда.

Разузнавачките служби на САД заклучија дека убиството го наредил саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Обвинителството во Саудиска Арабија денеска објави дека поранешниот советник на принцот, Сауд ал Кахтани, не бил вмешан во убиството. САД го санкционираше Ал-Кахтани за наводната улога во операцијата.

Кашоги последен пат бил виден на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул. Се претпоставува дека неговото тело е извадено од зградата, но посмртните останки не се пронајдени.

XS
SM
MD
LG