Достапни линкови

Обвинение за 20 осомничени за убиството на новинарот Кашоги


Архивска фотографија - Новинарот Џамал Кашоги

Истанбулското Обвинителство соопшти дека е подготвено обвинение за 20 осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Според Обвинителството, обвинението ги вклучува и поранешниот заменик-генерален разузнавач на Саудиска Арабија, Ахмед ал Асири, и поранешниот советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, Сауда ал-Кахтаниј. Тие се обвинети за „поттикнување убиство со предумисла со монструозна намера“.

На 2 октомври 2018 година Кашоги, беше познат критичар на саудиската власт, влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.

XS
SM
MD
LG