Достапни линкови

Филипче: Не е време за отворање на градинките


Министерот за здравство, Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сега не е време да се отворат градинките, со оглед на тоа што секојдневно имаме голем број новозаразени пациенти со Ковид-19.

Во однос на веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките, Филипче рече дека во тој момент имало услови градинките да бидат отворени, а скринингот се направил со цел да се заштитат децата.

„Сепак, потоа почна да расте бројот на новозаболени, пораид што не е возможно да се отворат градинките“, рече министерот и додаде дека во моментов не може да каже кога ќе се отворат градинките.

Филипче, за време на денешната посета на болницата „Козле“ во Скопје, која е новиот Ковид-центар, најави и дека во монтажната болница што се наоѓа до Инфективната клиника до среда или четврток треба да биде поставен системот за кислородна поддршка, бидејќи, како што рече, кислородната поддршка е потребна не само за пациенти со потешка клиничка слика, туку и за оние со полесна ако има индиции кои укажуваат на тоа.

XS
SM
MD
LG